Линкови за пристапност

Украински воени инвалиди размислуваат за враќање на фронтот


Украински воени инвалиди размислуваат за враќање на фронтот
please wait

No media source currently available

0:00 0:02:04 0:00

Серхи Данилетс е еден од илјадниците украински војници за кои се проценува дека биле ранети во војната. Но, сериозните повреди не го спречија него и другите борци да уживаат во животот и, во некои случаи, да прават планови да се вратат повторно во првите борбени редови. Известува Ана Костутченко. .

Серхи Данилетс од Киев ја загуби десната рака од тенковска граната во април 2022 година, додека извршуваше борбена мисија во регионот Донбас на истокот на Украина.

„Тоа беше граната од тенк. На позицијата во која бевме, до утрото останавме само четворица, од целиот вод“, се присетува Данилетс.

Тој вели дека адаптивните спортови како што е веслањето, се дел од неговото закрепнување. Минатиот месец тој се натпреваруваше на Отворениот куп во Киев, национален спортски настан за ветерани кои изгубиле екстремитети или биле тешко повредени.

Данилетс вели дека планира да се врати на првата борбена линија на есен.

„Зимата отидов во мојата единица стационирана во градот Балаклија и ја поминав воено-медицинската комисија, која рече дека сум делумно способен за воена служба“, вели Данилетс.

Ветеранот и поранешен разузнавач Илја Денисенко се борел во регионот Харков кога бил ранет од противпешадиска мина. И, покрај неговите повреди, тој освои сребрен медал во натпревар од американските воздушни сили и маринците во Невада.

„Имам повеќе рани од шрапнели и на колковите и на левата рака, а десното стапало ми беше скршено. Да бидам искрен, чудо е што преживеав, бидејќи мината експлодира многу блиску до местото каде што бевме“, објаснува Денисенко.

Артур Милин ја загуби десната нога во октомври 2022 година. Денес, тој тренира за адаптивниот спортски натпревар Инвиктус Гејмс во Канада, кој ќе се одржи во февруари 2025 година.

„Ќе се натпреваруваме во зимски спортови – скијање и скелетон. Има уште многу да се научи! За мене, Инвиктус е одличен затоа што можете да пробате нешто ново за прв пат“, вели Милин.

И покрај нивните рани, овие тројца ветерани велат дека не планираат да престанат да уживаат во животот или да престанат да се борат против Русите... на кој било начин.

Facebook Forum

XS
SM
MD
LG