Линкови за пристапност

Украински уметници преку креации се борат против руската инвазија


Украински уметници преку креации се борат против руската инвазија
please wait

No media source currently available

0:00 0:03:03 0:00

Од почетокот на руската инвазија на Украина, некои украински уметници и графички дизајнери избраа да се борат не само со оружје, туку и со нивниот креативен талент. Нивните дела се собрани во книгата наречена „Постери за време на војна“. Сторија на Ирина Соломко. .

Уметникот Олексиј Саи создава уметност за војната во неговата родна земја Украина уште од првиот ден на руската инвазија.

„На 24 февруари 2022 година, направив постер за видео ѕид во Њујорк, бидејќи ми се јави моја пријателка од Њујорк и рече дека договорила да го постави таму. Така, го започнав денот на целосната инвазија. Потоа направив плакати за улични протести во Лондон, во Париз, во Њујорк и на други места“, вели Саи.

Неговото дело е вклучено во новата книга „Постери за време на војна“, која ја прикажува уметноста на 18 украински уметници и графички дизајнери. „Постери за време на војна“ дебитира летово во Њујорк на настан куриран од Олена Сперанска.

„Сите овие дела беа создадени од уметници за време на непријателствата. Тогаш сите беа во Украина. Долго време ни требаше да ги составиме овие дела во книга, но беше исклучително важно да се документира”, вели Сперанска.

Сперанска исто така е од Украина. Таа побегна откако нејзиниот дом во Ирпин, во близина на Киев, беше речиси уништен од руските сили. Таа и нејзиниот син дојдоа да живеат во Њујорк.

„Ги загубивме сите наши материјални добра - сè што поседувавме“, укажа Сперанска.

Книгата е напишана на украински и англиски јазик и досега се испечатени илјада примероци. Повеќето од нив се во библиотеки во Украина. Саи вели дека книгата има потенцијал да има големо влијание врз луѓето во Украина и во странство.

„Вестите не покажуваат сè, а поедноставената слика понекогаш може подобро да функционира…“, вели Саи.

Американската писателка и новинарка Мици Пердју присуствуваше на презентацијата на книгата во Њујорк.

„Симболите стигнуваат до срцето побрзо од зборовите. И мислам дека уметноста е способна за една земја, нејзиниот идентитет, нејзината историја - тоа се тие кои се и тоа се изразува преку уметноста“, вели Пердју.

Меѓу гостите беше и дописникот на Фајненшл Тајмс од Украина, Кристофер Милер. Тој известувал од Украина повеќе од 14 години и напишал книга за тековната војна во земјата.

„Ова се навистина емотивни слики кои без разлика на кој јазик зборувате - украински, англиски или друг - ќе разберете преку овие слики што се случува со Украина и како се чувствуваат Украинците за војната“, вели Милер.

Украинските дипломати кои присуствуваа на презентацијата велат дека се надеваат дека книгата ќе биде дистрибуирана до библиотеките и образовните институции во Њујорк како историски запис за уметноста произведена за време на војната.

Facebook Forum

XS
SM
MD
LG