Линкови за пристапност

Украински културен центар во Сиетл им помага на бегалците


Украински културен центар во Сиетл им помага на бегалците
please wait

No media source currently available

0:00 0:02:47 0:00

Украинскиот културен центар „Толока“ во близина на Сиетл е дом на „сите пријателите на Украина“, велат основачите. Пред нешто повеќе од една година, започна да нуди широк спектар на активности, вклучувајќи помош за бегалците, јазични работилници, часови по уметност. Известува Кристина Шевченко. .

Олена Беденко и нејзината пријателка Оксана Кривизук распакуваат материјал за деца во украинскиот културен центар Толока во близина на Сиетл, државата Вашингтон. Тие го основаа Центарот, кој се нарекува „дом за сите пријатели на Украина“ - во септември 2023-ра.

Оксана Кривизук вели дека идејата се родила откако организирале настава во украинско училиште за деца пред неколку години.

„Училиштето требаше да работи само во сабота. Сфативме дека изнајмувањето простор само за сабота е губење пари. Затоа, решивме да се прошириме и да понудиме многу различни проекти што луѓето можеби ќе сакаат - и да се обидеме да го организираме сето тоа!“, објаснува Кривизук.

Од август минатата година, во Центарот се организираат часови по јога и уметност, детски театар, часови по украински јазик. Интересот, вели Кривизук, сè уште расте.

„Се учи украински јазик во неколку групи - една за деца и друга за возрасни; оваа година ќе имаме уште една група – за тинејџери“, посочува Кривизук.

Повеќето од понудените активности се бесплатни. Тие велат дека за некои часови е потребен мал паричен надомест.

Јулија Першина-Ципина е украинска бегалка чии деца оделе во училиштето. Сега, таа помага во книговодството.

„За мене беше многу важно да бидам дел од мојата заедница, да се чувствувам Украинка, дури и овде во САД... Затоа што кога сте во странство, опкружени со различни луѓе од разни националности, тоа ве прави да се чувствувате осамено, особено на почетокот“, вели Ципина.

Тоа е основата и клучен аргумент за помошта од Центарот, вели Беденко.

„Многумина немаат емоционална поддршка откако ќе пристигнат овде. Едноставно немаат со кого да разговараат освен членовите на семејството. Тука е се можно - разговарајте на украински, забавувајте се, испијте кафе“, вели Беденко.

Членовите се занимаваат со волонтерска работа, просторот е обезбеден бесплатно, а приватните донации продолжуваат да доаѓаат, вели Кривизук, кој како и многумина овде, Центарот едноставно го нарекува „Толока“.

Основачите велат дека нивниот следен чекор е организирање настани на англиски јазик за да и помогнат на украинската заедница да се интегрира во американското општество.

Facebook Forum

XS
SM
MD
LG