Линкови за пристапност

Украински акробати најдоа привремен дом во унгарски циркус


Украински акробати најдоа привремен дом во унгарски циркус
please wait

No media source currently available

0:00 0:02:11 0:00

Десетици млади украински циркузанти најдоа нов дом во Унгарија, откако избегаа од руската инвазија на нивната земја. Многу од изведувачите мислеле дека бргу ќе се вратат во Украина, но, две години подоцна состојбата не е таква. Известува Хенри Риџвел.

Украинската изведувачка Алеса Астапова има големи амбиции и не дозволи руската инвазија на нејзината родна земја да ги исфрли од рамнотежа тие планови.

18-годишната девојка побегна од својот дом во Киев откако руските тенкови се приближија до главниот град пред две години - пристигнувајќи во Унгарија две недели подоцна.

Заедно со десетици други украински циркузанти, Астапова беше прифатена од главниот град на циркусот во Будимпешта. Таа речиси секој ден вежба во овој објект на периферијата на градот.

„Навистина сум благодарна затоа што циркусот ми даде можност да тренирам, да продолжам со мојата работа и мојата страст“, вели Астапова.

Директорот на циркусот вели дека сака да им помогне на младите изведувачи да ја развијат својата кариера.

„Можеби најважното нешто што треба да им го обезбедиме е целта во животот. Затоа, им даваме да пробаат и можност во нашите програми за и да има за што да живеат, за што да работи, за што да се борат“, вели Петер Фекете, директор на Главниот циркус на Будимпешта.

Но, иднината останува непозната. Многу од овие млади изведувачи се од разурнатиот Харков во источна Украина.

Facebook Forum

XS
SM
MD
LG