Линкови за пристапност

Украинската армија се соочува со застрашувачки недостиг од гранати


Украинската армија се соочува со застрашувачки недостиг од гранати
please wait

No media source currently available

0:00 0:02:30 0:00

Украинските сили на фронтот страдаат од загрижувачки недостиг на муниција. Одложувањето на помошта од западните сојузници драстично го намали бројот на украинските артилериски напади врз руските позиции. На некои места, бројот на истрелани гранати е намален за десет пати. Јан Бочет јавува од Донбас.

Громогласниот татнеж на топови станува сè по спорадичен на оваа украинска артилериска позиција во Донбас.
Пред само една година, овие војници стрелаа со тешка артилерија, најмалку 40 пати на ден. Сега, таа фреквенција се намали за десет пати, а во некои денови, оружјето, мирува.

На првите борбени линии, слично сценарио. Со постојаното одложување на помошта од западните сојузници, особено од САД, Украинците се соочуваат со застрашувачки недостиг на муниција.

Овој војник има прекар, „Малото момче“.

„Сега има помалку гранати, многу помалку од порано. Во зависност од тоа како напредуваат, главно гаѓаме само тенкови и оклопни возила; но минофрлачките пешадиски тимови војуваат со руските војници“, објаснува војникот.

Во шумата Кремина, друг борбен фронт во Донбас, војниците добија наредба да нападнат група руски војници кои беа сокриени во ровови. Маневрирајќи, и тие набрзо добија наредби за да се спротивстават на нападот.

Зачувувањето на муниција стана приоритет.

Со оглед на тоа што рапидно се намалува муницијата, украинските војници сѐ повеќе се затворени во нивните бункери.

Тие велат дека постојаната закана од беспилотни летала и изобилството на непријателска муниција го прави премногу опасно излегувањето надвор.
Повеќето војници во овој бункер се на фронтот од почетокот на војната. Многумина своите семејства, досега, ги виделе само двапати. Поголемиот дел од деновите го поминуваат во мали, темни, затворени бункери, чекајќи наредба.

Украина признава дека нејзините војници се исцрпени и сега подготвува контроверзен предлог - закон за мобилизирање уште 500.000 војници.

Facebook Forum

XS
SM
MD
LG