Линкови за пристапност

Украина тврди, илјадници украински деца се заробени во руската окупација


Украина тврди, илјадници украински деца се заробени во руската окупација
please wait

No media source currently available

0:00 0:02:40 0:00

Украинските власти велат дека руската инвазија претворила илјадници украински деца заробени на окупираните територии во заложници, додека други биле депортирани во Русија и принудени на програми за превоспитување и посвојување. Известува Ана Черникова.

Од мај 2024 година, украинската влада идентификуваше повеќе од 19.000 деца кои беа депортирани или насилно раселени од Русија. Помалку од 400 од нив се пронајдени и вратени дома.

Микола Кулеба, основач на добротворната организација „Спасете ја Украина“ која помага да се најдат и да се вратат украинските деца, вели дека верува оти реалната бројка е многу поголема ако се земе предвид руската окупација на Крим и Донбас во 2014 година.

„Има многу повеќе такви деца. Ја пренесуваме оваа бројка која е за последните две години, а војната трае десет години“, вели Кулеба.

Бохдан Швецов од Херсон има 14 години. Кога руските сили го зазедоа градот, директорот на неговото училиште - назначен од руската окупација - му предложил да се придружи на двонеделното патување во детски камп на Крим.

Бохдан се согласил, како и многу други деца. Бохдан се сеќава дека кога поминале двете недели, претставниците на кампот им рекле на децата дека сè уште нема да си одат дома поради безбедносни причини.

„Тие рекоа: „За ваша безбедност, ќе ве оставиме во кампот, ќе бидете безбедни овде, бидејќи во вашиот регион ќе има гранатирање“ и рекоа дека немаат каде да не одведат“, објаснува Швецов.

Мајката на Бохдан, Ирина Шветсова, вели дека наставничката што ги придружувала децата и кажала дека единствениот начин на кој повторно ќе го види синот е ако отпатува на Крим да го земе.

„Директорот на овој камп рече дека им бил даден рок до 7 април, а оние кои нема да ги земат децата, оние деца кои имаат родители, децата ќе бидат распределени на различни места“, вели Швецова.

Шест месеци што ги поминала на чекање Шветова ги опишува како време на хорор.

„Воопшто не спиев. Постојано ја имав мислата во мојата глава: „Што да правам сега? Што да правам следно?“, додава Швецова.

Ирина нашла доброволци кои им помагале на родителите да ги вратат децата како Бохдан назад на територијата што ја контролира Украина.

„На 7 април беа вратени 33 деца. Требаше да има 33, но само 32 се вратија бидејќи имаше две сестри, а едната останала во Крим. Нивната баба, која требаше да си ги земе внуките, почина по пат“, вели Швецова.

Меѓународниот кривичен суд го обвини рускиот претседател Владимир Путин за воени злосторства, незаконско депортирање и трансфер на деца.

Украинските власти велат дека илјадници нејзини деца се незаконски држени во Русија или на териториите окупирани од Русија далеку од нивните семејства, кои стравуваат дека многу од нив можеби никогаш нема да се вратат.

Facebook Forum

XS
SM
MD
LG