Оклопните возила Си-Ви-90 беа распоредени со 21-та механизирана бригада на Украина во летото 2023-та. Командирот на ова возило го ословуваат како Кипиш. Работел во градежништвото во Полска пред Русија да ја нападне Украина. Вели дека потребата да ја заштити својата мала ќерка го натерала да се врати дома.
„Кога видов на интернет дека непријателот почна да не гранатира, го нареков моето дете, најскапоцената личност во мојот живот. А таа ми, рече: „Тато, пукаат во нас!““, вели Кипиш.
Си-Ви-90 се пешадиски возила дизајнирани и за транспорт на војници и за напад на непријателски тенкови.
На почетокот на јуни, Холандија се согласи да потроши повеќе од 420 милиони долари за производство на „неколку десетици“ тенкови дизајнирани од Шведска за Украина, изјави холандскиот министер за одбрана за Дифенс њуз.
Според началникот на баталјонот на 21-та механизирана бригада, кој се нарекува, Самурај, овие шведски возила се ефикасни под силен непријателски оган од артилерија и беспилотни летала.
„Маневрираат на бојното поле. Друга предност е оклопот, а екипажот може да потврди дури и кога нè гранатираат, Си-Ви-90 нема големи оштетувања од артилериски оган или од дронови“, вели началникот Самурај.
21-годишниот Самурај, дипломиран на Воената академија во Одеса, вели дека овие оклопни возила им помагаат на војниците да бидат безбедни додека се преместуваат од место до место на фронтот.
„Шест пешадијци можат да седнат со целосна опрема и да се упатат до местото на следната задача, безбедно“, вели Самурај.
Ова шведско борбено возило е опремено со термички инфрацрвени зраци, коишто му овозможуваат на екипажот да оперира дури и ноќе. Дополнително, возилото тешко се открива од непријателот, благодарение на технологијата за намалување на топлината при движење.
„Дифенс њуз“ објави дека холандското Министерство за одбрана очекува да ги испорача новите Ци-Ви-90 за украинската армија до 2026 година.
Facebook Forum