Линкови за пристапност

Украина има право да напаѓа воени цели во Русија, рече Столтенберг


Генералниот секретар на НАТО ја поздрави одлуката на различни сојузници и партнери за олабавување на ограничувањата за употреба на оружје против „легитимни воени цели“ во Русија
Генералниот секретар на НАТО ја поздрави одлуката на различни сојузници и партнери за олабавување на ограничувањата за употреба на оружје против „легитимни воени цели“ во Русија

Генералниот секретар на НАТО Јенс Столтенберг изјави дека Украина треба да може да погоди воени цели во Русија за да се одбрани од напади.

„Украина има право да напаѓа воени цели на руска територија [како] дел од правото на самоодбрана, а ние имаме право да ги поддржиме во одбраната“, рече Столтенберг денес, одговарајќи на прашање на Гласот на Америка во НАТО во Брисел, каде сојузниците и партнерите го одржуваа 23. состанок на Контакт групата за одбрана на Украина.

Групата предводена од САД обединува околу 50 земји за да ја координираат воената поддршка за Киев во неговата борба против илегалната инвазија на Русија.

Столтенберг ја поздрави одлуката на различни сојузници и партнери за олабавување на ограничувањата за употреба на оружје против „легитимни воени цели“ во Русија, која ја започна војната со илегална инвазија на Украина.

„Самоодбраната не е ескалација“.

Столтенберг рече дека правото на Украина на прекугранични напади стана поочигледно откако Русија отвори нов фронт на север во Харков и почна да ја напаѓа областа директно од руска територија.

„Границата и линијата на фронтот се горе-долу исти, и се разбира, доколку руските сили, артилерија, ракетните батерии, беа безбедни веднаш штом беа на руската страна на границата, ќе станеше исклучително тешко за Украинците да се бранат“, рече тој.

САД неодамна ѝ дадоа дозвола на Украина да напаѓа копнени цели во Русија, особено за одбрана од прекугранични напади на регионот Харков.

Минатата недела, советникот за комуникации за национална безбедност на Белата куќа Џон Кирби, рече дека САД „никогаш“ не ставиле ограничувања на Украинците да соборуваат непријателски авиони, „дури и ако тие авиони не се нужно во украинскиот воздушен простор“.

Пензионираниот генерал Френк Мекензи, поранешен шеф на Централната команда на САД, изјави за Гласот на Америка оваа недела дека Украинците треба да бидат способни да пукаат врз сите воени цели во Русија што ја напаѓаат Украина, „но со одредени ограничувања“ на области како што се руските локации способни за нуклеарно оружје.

Повеќе од една година, САД не му даваа на Киев тактички балистички ракети со долг дострел поради загриженоста на администрацијата дека Русија ќе ја смета нивната употреба за напади на руска територија како ескалација на војната.

Овие ракети имаат дострел до 300 километри и речиси двојно повеќе од ударното растојание од ракетниот арсенал на Украина.

Кон крајот на април, САД кажаа дека на Украина ѝ ги доставиле долгоочекуваните ракети во средината на март.

Оттогаш, САД објавија четири пакети безбедносна помош, во вкупна вредност од 1,9 милијарди долари, кои се повлекуваат од американските воени залихи за да ѝ обезбедат на војската на Украина за итни потреби.

Поврзано

XS
SM
MD
LG