Линкови за пристапност

САД отвораат пат за украинска воена единица да користи американско оружје


Војниците на 12-та бригада на специјалните сили Азов од Националната гарда на Украина се подготвуваат да пукаат кон руските трупи на позиција во близина на линијата на фронтот, Украина, 22 ноември 2023 година
Војниците на 12-та бригада на специјалните сили Азов од Националната гарда на Украина се подготвуваат да пукаат кон руските трупи на позиција во близина на линијата на фронтот, Украина, 22 ноември 2023 година

Американската ревизија не најде докази за кршење на човековите права од страна на украинската Азовска бригада, што го отвора патот за употреба на американска обука и оружје, соопшти денес Стејт департментот, повикувајќи се на руски дезинформации кои имаат за цел да ја дискредитираат единицата.

Американскиот закон им забранува на странските безбедносни сили американска воена помош доколку извршиле грубо кршење на човековите права, но прегледот дозволи американски средства за Азовска бригада, се вели во соопштението на Стејт департментот.

Овој потег ѝ овозможува на администрацијата на Бајден да ја повлече децениската забрана за дозволување на украинската воена единица да користи американско оружје, според „Вашингтон пост“, кој прв ја објави одлуката.

Портпаролот на Кремљ Дмитриј Песков го нарече потегот „екстремно негативен“.

Засега нема коментар од страна на претставниците на Киев.

Азовската бригада, која има екстремно десничарски и ултранационалистички корени, е дел од Националната гарда на Украина и се бореше против сепаратистите поддржани од Русија кои создадоа отцепени региони во источна Украина.

Единицата во соопштението рече дека западното оружје ќе ги подобри борбените способности на нивните борци и ќе спаси животи.

Таа изрази благодарност за напорите преземени за укинување на забраната и покрај, како што ја опиша, руската пропаганда за групата.

„Руската дезинформација активно работеше на дискредитација на бригадата на специјалните сили Азов“, обидувајќи се да ја поврзе со милицијата од 2014 година, која се распадна во 2015 година, соопшти Стејт департментот.

„Составот на специјалните сили бригада Азов е значително различен“.

Песков, на брифинг со новинарите, ги нарече силите на бригадата „ултранационалистички вооружени единици“.

„Оваа ненадејна промена на позицијата на Вашингтон покажува дека тие не бегаат од ништо во нивните обиди да ја потиснат Русија, користејќи ја Украина и украинскиот народ како алатка во свои раце, па дури се подготвени да флертуваат со неонацистите“, рече Песков.

XS
SM
MD
LG