Линкови за пристапност

Украина има потреба од воздушна одбрана, вели Зеленски


Спасувачите работат на терен каде е уништена приватна куќа за време на руски воздушен напад во Харков, Украина, 10 јуни 2024 година.
Спасувачите работат на терен каде е уништена приватна куќа за време на руски воздушен напад во Харков, Украина, 10 јуни 2024 година.

Русија ја таргетира енергетска инфраструктура на Украина, рече украинскиот лидер Володимир Зеленски на конференција во Берлин

Украинскиот претседател Володимир Зеленски ја истакна потребата од противвоздушна одбрана и обнова на енергетскиот систем на државата, додека зборуваше на конференцијата за реконструкција организирана од Германија.

Зеленски рече дека руските сили ја таргетирале енергетската инфраструктура на Украина, при што нападите со беспилотни летала и ракети од зимата уништиле половина од капацитетот за производство на енергија на Украина.

Тој рече дека по две години војна, украинската војска покажала дека може да се држи на фронтот и да го задржи пристапот до Црното Море.

„Најголемата стратешка предност на Русија во однос на Украина е супериорноста на небото. Теророт со проектили и бомби е тој што им помага на руските трупи да напредуваат на теренот“, рече Зеленски. „Одговор на ова е воздушна одбрана.“

Тој рече дека Украина очекува дека ќе обезбеди милијарди долари помош за нејзините воени и инфраструктурни потреби.

Конференцијата во Берлин се одржува неколку дена пред мировната конференција во Швајцарија на која 90 земји и организации ќе работат на рамка за спроведување на мировниот план и како да се вклучат Русија и Украина во мировниот процес.

Русија нема да присуствува.

Исто така, има и самит на лидерите на НАТО закажан за почетокот на јули во Вашингтон. Генералниот секретар на НАТО Јенс Столтенберг рече дека очекува сојузниците да се согласат Алијансата да „води во обезбедувањето безбедносна помош, обука за Украина, а исто така и да договорат долг рок финансиска посветеност на Украина“.

Столтенберг за време на посетата на Летонија пред новинарите изјави дека сојузниците на НАТО веќе обезбедуваат 99% од воената поддршка на Украина, така што има смисла самата алијанса да игра поголема улога во координирањето на напорите и спречувањето на празнините во испораката на помош за украинските сили.

„На Украина и треба предвидлив, стабилен проток на воена поддршка“, рече Столтенберг.

Дел од информациите се од Ројтерс и агенцијата Франс – прес.

XS
SM
MD
LG