Линкови за пристапност

САД ќе објават нови санкции против Русија на самитот на Г7, соопшти Белата куќа


Портпаролот на Белата куќа Џон Кирби зборува за време на брифинг во Вашингтон
Портпаролот на Белата куќа Џон Кирби зборува за време на брифинг во Вашингтон

САД ќе објават нови санкции и извозни контроли против Русија за време на самитот на Г7 во јужна Италија подоцна оваа недела, изјави денес портпаролот на Белата куќа Џон Кирби.

САД и лидерите на најголемите економии воведоа огромни санкции кон Русија за нејзината инвазија на Украина во 2022 година, а Кирби рече дека ќе додадат нов сет на „влијателни“ санкции и контроли на извозот што ги таргетира ентитетите и мрежите кои ѝ помагаат на Русија во нејзината војна.

„Ќе продолжиме да ги зголемуваме трошоците за руската воена машина“, рече Кирби.

XS
SM
MD
LG