Линкови за пристапност

Турската полиција се опреми со луксузни возила запленети од организираниот криминал


Турската полиција се опреми со луксузни возила запленети од организираниот криминал
please wait

No media source currently available

0:00 0:02:47 0:00

Истанбулската полиција користи некои од најскапите спортски автомобили во светот како дел од новиот обид на Турција за сузбивање на организираниот криминал. Анкара се надева дека ќе покаже слика дека е разбиено перењето пари. Доријан Џонс известува од Истанбул.

Сообраќајната полиција во Истанбул сега може да се пофали со некои од светските суперавтомобили. Овие автомобили се запленети во национална акција против организирани криминални групи вклучени во шверц на наркотици и меѓународно перење пари.

Аналитичарите велат дека уникатната местоположба на Турција ја направила идеален центар за меѓународен криминал.

„Турција се наоѓа меѓу два континенти. Доколку сакате да пренесете стока која е нелегална, дали дрога или слично, неважно, мора да стапнете овде во Турција. И во оваа смисла, повеќето криминални банди во Европа, САД или Јужна Америка, добро, имаат врска со тие овде во Турција”, вели Мурат Аслан од Фондацијата за политички, економски и социјални истражувања.

Многумина од уапсените се меѓународни криминални личности кои ги бара Интерпол, кои доаѓаат од Европа, Азија и САД. Аналитичарите велат дека слабите финансиски контроли на Турција, исто така, ја направиле привлечна за организираниот криминал.

„Дојдете, донесете готовина, донесете дијаманти, не ни е гајле. Само проверете го на граница или депонирајте во банка. Никогаш нема да поставуваме прашања. Овој дел „никогаш не поставувај прашања“ е целосно во спротивност со духот на глобалното законодавство за спречување на перење пари”, вели Атила Јешилада од Глобал сорс.

Меѓународната организација за спречување на перење пари, Работна група за финансиска акција ја стави Турција на својата сива листа на земји кои не успеваат да се борат против глобалното перење пари.

Репресијата на Турција против организираниот криминал, заедно со заострувањето на нејзината финансиска контрола, се дел од напорите да се отстрани од листата на престапници и да се намали неговото штетно економско влијание.

“Комерцијалните банки и глобалните фондови не сакаат да прават бизнис со земја која сè уште е на сивата листа, бидејќи има премногу санкции. Ако повторно станеме на сивата листа на Работната група за финансиска акција, да речеме дека 20% од институциите кои би биле заинтересирани да инвестираат во Турција веројатно нема да можат да го сторат тоа поради стравувањата од усогласеноста”, додава Јешилада

Турската влада смета дека зголемувањето на меѓународните инвестиции е клучно за решавање на економските проблеми на Турција. Ова значи дека сузбивањето на организираниот криминал веројатно ќе продолжи, а полицијата во Истанбул може да има придобивка од овие фенси автомобили.

Facebook Forum

XS
SM
MD
LG