Линкови за пристапност

Турција добива сè поголема улога во вооружувањето на Украина


Турција добива сè поголема улога во вооружувањето на Украина
please wait

No media source currently available

0:00 0:03:01 0:00

Турција станува значаен снабдувач на оружје за Украина додека Киев го решава недостигот од муниција со помош на САД. Турски производител на оружје отвора фабрика за муниција во сојузната држава Тексас, додека друга турска фирма треба да отвори фабрика за дронови во Украина. Известува Доријан Џонс. .

Најновата фабрика за муниција во Соединетите држави користи најсовремена опрема на турската компанија Репкон која би можела да сочинува една третина од производството на гранати во САД, што според аналитичарите е од витално значење за надминување на тековниот недостаток на Украина.

„Зачекорувањето на Турција во ова е извонредно затоа што Турција има огромна способност не само да набавува, произведува, туку е витална врска за снабдување за САД, што, исто така, всушност почнува да се намалува врз основа на количината на гранати што му ги достави на украинскиот партнер”, вели Синан Сиди, од Фондацијата за одбрана на демократии.

Амбасадорот на Соединетите Американски Држави во Турција, Џеф Флејк, ја пофали соработката како знак на зголемената важност за продлабочување на врските.

Блиските односи на турскиот претседател Реџеп Таип Ердоган со рускиот колега Владимир Путин беа извор на тензии меѓу Анкара и Вашингтон.

Друга турска компанија, Бајкар, гради фабрика за воени дронови во Украина, знак што велат аналитичарите за зголемената посветеност на Анкара кон Киев.

„Малку е ризично да се основа фабрика во Украина во воени услови. Се разбира, основањето фабрика во Украина има политичка порака. Но, верувам дека тоа нема да ја промени позицијата на Турција во оваа војна”, вели Тајфун Озберк, аналитичар за одбранбени прашања.

Но, аналитичарите предупредуваат дека двојното намалување на поддршката за Украина ќе ја стави на тест политиката на Анкара за балансирање на врските со Москва и нејзините западни сојузници.

„Турската политика кон Русија главно се заснова на нешто што ние го нарекуваме разделување. Значи, можете да не се согласувате за многу различни, критични агенди, како што се тековната војна во Украина и ситуацијата во Сирија, но сепак, ќе соработувате во различни домени, како што е трговијата со енергија”, додава Сине Озкарашахин, одбранбена аналитичарка.

Аналитичарите велат дека додека турската одбранбена индустрија ја зголемува поддршката за напорите на Украина и западните сојузници да ја снабдуваат украинската војска, Анкара останува витален трговски партнер со Русија и таа одбива да воведе многу западни санкции.

„Одделот за финансии на САД ги санкционираше турските компании за снабдување со стоки со двојна употреба на руската војска, вклучително и микрочипови, но и делови за оружје кои директно одат во производството на руско оружје од високата класа што се користи против Украинците. Значи, Турција ги игра двете страни на политичкиот спектар. Тоа навистина ги става САД во ќор-сокак се повеќе или постојано да молчат за некој вид двојната игра во Турција”, вели Сиди.

Откако Турција претстави два нови воени авиони за една година, претседателот Ердоган ја подвлече зголемената важност на турската одбранбена индустрија - улога што исто така создава повеќе дилеми за Турција додека продолжува да ги балансира односите и со Западот и со Русија.

Facebook Forum

XS
SM
MD
LG