Линкови за пристапност

Турција ја ограничува трговијата со Израел поради конфликтот


Турција ја ограничува трговијата со Израел поради конфликтот
please wait

No media source currently available

0:00 0:03:05 0:00

Турција најави ограничувања во трговијата со Израел, а Туркиш ерлајнс ги прекина летовите кон земјата како последица на војната во Газа. Како што известува Доријан Џонс од Истанбул, потезите доаѓаат во време кога турскиот претседател Реџеп Таип Ердоган ги ревидира напорите за приближување

Туркиш ерлајнс објави дека нема да ги обнови летовите кон Израел до следната година.

Турскиот министер за надворешни работи Хакан Фидан објави санкции спрема Израел кои вклучуваат забрана за извоз на челик и цемент.

Аналитичарите велат дека потезите на Турција се резултат на зголемената критика на владејачката Партија за правда и развој на Ердоган, заради одржувањето на трговски односи со Израел и покрај војната.

Во меѓувреме, продолжија протестите против трговијата со еврејската држава.

Израелските аналитичари велат дека тие доаѓаат во лошо време, бидејќи трговијата и контактите меѓу луѓето се од витално значење за одржување на билатералните врски во време на дипломатски тензии.

Бидејќи израелските сили се подготвени да започнат нова офанзива во јужниот дел на Газа, се очекува да растат протестите против турската трговија со Израел, што ќе додаде дополнителен притисок врз Ердоган.

Facebook Forum

XS
SM
MD
LG