Линкови за пристапност

Три години од воведувањето на единствениот број за итни случаи во Северна Македонија


Три години од воведувањето на единствениот број за итни случаи во Северна Македонија
please wait

No media source currently available

0:00 0:06:19 0:00

Центарот за итни повици спасува животи, но се соочува и со голем број лажни повици од неодговорни граѓани.

112 повелете...Така е, Центар за итни повици, како можеме да ви помогнеме? Превртено и запалено возила. Ви треба брза помош господине? ... Веднаш ќе бидете повразан со доктор. Кажете ми само локација каде се наоѓа возилото?... Димче Мирчев ... Бидете на линија, ве поврзувам со доктор, не ми спуштајте ...“

Вака изгледа работната задача на операторите задолжени да одговараат на повиците на граѓаните на единствениот број за итни случаи 112. Северна Македонија го воведе овој број пред три години, со што наместо да се врти на посебни броеви до полиција, итна медицинска помош, противпожарна единица или Центарот за управување со кризи (ЦУК), сите повици се примаат на едно место, а потоа се пренасочуваат кон оној за кого е наменет повикот.

„Доколку било кој државјанин на било која европска држава транзитира низ Македонија или престојува во Македонија и има потреба од полиција, од итна медицинска помош или сака да пријави пожар во противпожарна единица може да се јави на бројот 112. Од друга страна, доколку имаме државјанин на Соединетите Американски Држави се затекне на наша територија во Македонија и има потреба од истите служби, доколку се јави на бројот 911, што е број за итни случаи во Америка, повторно самиот систем ќе го пренесе неговиот повик кон нашите повици на 112 и тој ќе добие итна медицинска помош или полиција доколку му се потребни, така што овој број го олеснува барањето на помош и на македонските граѓани, но и на сите останати кои што живеат низ нашата држава“, вели Стојанче Ангелов, директор на Центарот за управување со кризи.

Ангелов вели дека се соочиле со бројни предизвици при воведувањето на овој единствен телефонски број за итни случаи, но и признава и дека дневно добиваат илјадници лажни повици.

„...Нашите оператори, меѓу другото, дневно ловат повеќе од половина, лажни или непродуктивни повици бидејќи често се случува граѓани од незнаење да се јават на бројот 112 за една работа која не ја исполнува дефиницијата за итен случај или да побараат некој медицински совет, нешто што ќе го држи зафатен докторот од Итната медицинска помош неколку минути, а можеби во тој момент некој друг човек ќе се соочи со реална опасност и може да го загуби животот или да претрпи сериозна штета по неговото здравје, ловиме би рекол психопати, луѓе кои се јавуваат од психопатски мотиви на бројот 112, се случува често да се јават на бројот 112 луѓе кои што ги проверуваат нивните мобилни телефони, но сите тие повици ние ги ловиме и ги задржуваме. Продуктивните повици, граѓаните кои што имаат реална потреба од итна медицинска помош, од полиција, од противпожарна единица, авто-мото сојуз или други случаи кои што ги работи Секторот за операции и координација на ЦУК ги фаќаме и ги пренасочуваме онаму каде што е потребно“, додава Ангелов.

Покрај пријавите што стигнуваат од страна граѓаните на телефонскиот број 112, повици доаѓаат и директно од самите смарт телефони, паметни часовници или автомобилите во случај на сообраќајна несреќа, што им помогнало многу пати на екипите на Центарот за управување со кризи да спасат човечки животи.

„Имавме во неколку наврати несреќи кога унесреќените луѓе во сообраќајната несреќа не побарале од паника, од повреда не вртеле на 112, самото возило или телефонот ги поврзува и истите беа изненадени кога таму пристигнува брза помош или полиција бидејќи ние слушаме што се случува во возилото, слушаме лелекање, повици за помош... но на луѓето може мобилниот да им падне, да не може да го најдат, самиот автомобил, некогаш смартфонот поврзува овде. Од друга страна, со притискање на страничното копче за вклучување и исклучување на мобилниот, со панично стискање пет-шест пати... Гледате, сега мене ми е подесен да задржам 3 секунди и потоа системот поврзува без да зборуваме. Ако некому дома му влезат крадци... и сега веќе ја гледате и локацијата од која што јас се јавувам... (112 повелете...) ... Благодарам, извинете, тоа бев јас... Значи, може да се случи во некој стан да влезат крадци, луѓето да се сокријат или да се исплашени, само да стиснат панично, ќе ги поврзе овде директно, не треба да зборуваат. Нашите оператори гледаат дека нешто се случува и веднаш праќаат полиција“, рече Стојанче Ангелов, директор на Центарот за управување со кризи.

Националниот Центар за итни повици работи 24 часа седум денови во неделата. Освен на македонски, граѓаните со операторите може да разговараат и на албански, турски и англиски јазик. Незир Шерифи, кој е одговорно лице на смената вели дека речиси секојдневно добиваат интересни повици, а еден од таквите го раскажа пред камерата на Гласот на Америка на македонски:

„Значи, интересен повик, сега, има многу такви интересни повици, имавме еден колега што беше тука одговорен на смена. Јавувач пријавува кражба на својот стан и ние одма преземаме ситуација и во таа проблематика дознаваме дека истата адреса е со одговорниот на смена и одма дознавме дека крадците влегле и кај него“, изјави Незир Шерифи, одговорен на смена во Центарот за итни повици.

Единствениот европски број 112 функционира во земјите од Европската Унија, но и земјите аспиранти кои сакаат да бидат дел од европското семејство. Во просек, операторите добиваат по 3.000 повици дневно, а освен во главниот центар во Скопје, повици се примаат и во останатите регионални центри во Тетово, Битола, Штип, Велес, Охрид, Струмица и Куманово.

Facebook Forum

XS
SM
MD
LG