Новоформираната Комора на трговци на големо и мало незадоволни од одлуката на Владата за ограничување на маржите од 5 до 15 отсто. Велат дека тоа е избрзана и штетна одлука која ќе им користи само на граѓаните со високи примања. Тврдат дека заменик министерот за економија и труд, Марјан Ристески, самиот се демантирал, дека се доведува во прашање нивното функционирање и потсетуваат дека членките на оваа Комора вработуваат 4.700 лица.
Од Владата пак одговорија дека одлуките ги донеле по анализа на сите доставени податоци од релевантните институции, а земени се предвид и предлозите на Комората како и податоците за маржите и приходите трговците. Од Владата порачаа дека средба може да има откако ќе добијат официјално барање во кое се наведени причините.
Facebook Forum