Линкови за пристапност

Трансфузијата на крв на фронтот, спасува животи на војниците


Трансфузијата на крв на фронтот, спасува животи на војниците
please wait

No media source currently available

0:00 0:03:04 0:00

Кога украинските војници ќе бидат ранети за време на војната, тие се носат на локација каде што медицински лица се грижат за нив. Сега, благодарение на дарителите во странство, во украинскиот регион Донбас може да врши и трансфузија на крв. Известува Ана Костутченко.

Неколку дена по руската инвазија на Украина, анестезиологот Дмитро Присијажњук ја напуштил својата работа во една од главните болници во Киев и волонтирал да биде лекар во војна.
Тој вели дека видел многу војници како страдаат поради губење крв.

„До моментот додека пациентите да дојдат кај нас, тие можеби изгубиле речиси 50 проценти од нивната крв“, вели Присијажњук.

Трансфузиите на крв ја зголемуваат шансата за преживување на војникот, вели Присијажњук. Тие обично се прават на таканаречените места за стабилизација, каде што ранетите се носат од првите борбени редови пред да бидат испратени во болница. Но, за трансфузија е потребна специфична медицинска опрема.

„Со помош на оваа опрема, можеме да подготвиме крв за трансфузија. Мораме да ја загрееме крвта пред да се вбгризнува во телото“, додава Присијажњук.

Уредот за загревање на крвта што го користи Присијажњук е платен од донации од канадската лекарка Трејси Парнел.

Парнел првпат дошла во Украина пролетта 2022 година за да ги обучи локалните лекари за итна медицина.

Таа од прва рака ги видела таму тешките рани на украинските борци кои доаѓале од првите борбени редови.

Откако се вратила во Канада, почнала да собира донации за да ги задоволи потребите на вооружените сили на Украина.

„Значи, ги контактирав пријателите и имавме успех во собирањето средства и набавка на опрема, а потоа jа носевме далеку, честопати и со обучувачи. Нема логика да се носат уреди ако никој не знае како да ги користи“, објаснува Парнел.

Поради комплексноста, медицинскиот персонал во првите борбени редови не смеел да врши целосна трансфузија на крв на терен до 2022 година.
Наредбата била проширена во септември 2023 година за да им се овозможи на обучените лекари да вршат трансфузија на крв во предболничка фаза.

Facebook Forum

XS
SM
MD
LG