Линкови за пристапност

Трамп собра 7 милиони долари за изборната кампања по обвинението


Над 4,5 милиони долари дошле од дигитално собирање средства, додека 2,1 милиони долари биле собрани од донаторски настан вчера во голф клубот на Трамп во Њу Џерси
Над 4,5 милиони долари дошле од дигитално собирање средства, додека 2,1 милиони долари биле собрани од донаторски настан вчера во голф клубот на Трамп во Њу Џерси

Кампањата на поранешниот претседател Доналд Трамп за 2024 година во Белата куќа денес соопшти дека тој собрал 7 милиони долари откако беше обвинет минатата недела, додека неговата порака за политички прогон продолжува да одекнува кај тврдокорните поддржувачи.

„Претседателот Трамп собра над 6,6 милиони долари откако растроениот Џек Смит објави политичко гонење“, напиша кампањата на Трамп во имејл до поддржувачите денес, мислејќи на американскиот специјален советник што го истражува.

Над 4,5 милиони долари дошле од дигитално собирање средства, додека 2,1 милиони долари биле собрани од донаторски настан вчера во голф клубот на Трамп во Њу Џерси.

Портпаролот на Трамп, кој е фаворит за републиканската претседателска номинација во 2024 година, подоцна му испрати имјел на Ројтерс во која изјави дека собирањето средства ја поминало границата од 7 милиони долари откако беше објавено обвинението во четвртокот.

Во обвинението, Трамп беше обвинет дека незаконски чувал доверливи владини документи по напуштањето на Белата куќа, а потоа заговарал да ја опструира федералната истрага за ова прашање.

Трамп вчера беше изведен и пред судот се изјасни за невин по сите 37 точки од обвинението.

Тој се обиде да ги оквалификува обвиненијата како напад предводен од Демократската партија за да го исфрли од изборната трка во 2024 година.

„Тие не доаѓаат по мене, тие доаѓаат по вас“, напиша Трамп во еден од мноштвото имејлови за собирање средства денес.

Анкетата покажува дека стратегијата на Трамп функционира: огромно мнозинство републиканци, околу 81 отсто, веруваат дека обвиненијата се политички мотивирани, според анкетата на Ројтерс/Ипсос, завршена во понеделникот.

Извор: Ројтерс

Поврзано

XS
SM
MD
LG