Линкови за пристапност

Многу републиканци застанаа зад Трамп по обвинението


Неколку часа по објавата на поранешниот претседател Доналд Трамп минатиот четврток дека е обвинет од федералните обвинители за наводно лошо постапување со доверливи информации, високи републиканци во Вашингтон и пошироко се собраа зад него, користејќи ги социјалните мрежи за да ги осудат обвиненијата како злоупотреба на овластувањата од страна на администрацијата на претседателот Џо Бајден.

Трамп денес се изјасни за невин по обвиненијата за лошо постапување со доверливи документи за национална безбедност, откако ја напушти Белата куќа во 2021 година.

Поранешниот претседател се предаде на властите пред неговото прво појавување на суд, кое започна во 15 часот под силно обезбедување во федералната судница во центарот на Мајами.

Претседателот на Претставничкиот дом Кевин Мекарти, моментално најмоќниот републиканец во Вашингтон, го осуди обвинението во твит доцна во четвртокот.

Мекарти рече дека е „несовесно“ администрацијата на Бајден да го обвини фаворитот за републиканската претседателска номинација во 2024 година и личноста која најверојатно ќе го предизвика Бајден во неговата кандидатура за реизбор.

Дури и некои од републиканците кои го предизвикуваат поранешниот претседател за републиканската претседателска номинација во 2024 година се изјаснија против обвинението.

Гувернерот на Флорида, Рон ДеСантис, ги отфрли обвиненијата како злоупотреба на владата, збор што го повторија многу поддржувачи на поранешниот претседател.

Републиканските лидери продолжија да изразуваат поддршка во петокот попладне, откако обвинението беше обелоденето, откривајќи дека поранешниот претседател се соочува со обвинение по 37 кривични основи.

Трамп се соочува со 31 обвинение за намерно задржување на документи за национална безбедност, едно обвинение за заговор за попречување на правдата, четири точки поврзани со прикривање документи и едно обвинение за давање лажни изјави и претставувања.

Во обвинението, меѓу другото, се наведува снимка што ја поседуваат обвинителите, во која Трамп опишува документ што го зел од Белата куќа поврзан со доверливо воено планирање.

На снимката тој признава дека документот доверлив и вели дека иако можел да ја декласифицира информацијата додека бил претседател, никогаш не го направил тоа.

Трамп се изјасни за невин.

Поврзано

XS
SM
MD
LG