Линкови за пристапност

Истрагата е политички мотивирана, рече Трамп од Њу Џерси


Тој, исто така, рече дека доколку биде избран за претседател следната година, ќе назначи специјален обвинител кој ќе го испита претседателот Џо Бајден и неговото семејство
Тој, исто така, рече дека доколку биде избран за претседател следната година, ќе назначи специјален обвинител кој ќе го испита претседателот Џо Бајден и неговото семејство

Поранешниот претседател на САД Доналд Трамп, денес, откако се изјасни за невин по обвинението за лошо постапување со доверливи документи за национална безбедност, откако ја напуштил Белата куќа во 2021 година, се обрати од неговото одморалиште во Њу Џерси, каде што летува.

Во говорот, Трамп ги повтори своите тврдења дека истрагата е политички мотивирана, ги нарече обвинителите „насилници“ и тврдеше дека е толку зафатен што немал време да ги разгледа сите кутии со документи и сувенири што ги чувал.

Тој, исто така, рече дека доколку биде избран за претседател следната година, ќе назначи специјален обвинител кој ќе го испита претседателот Џо Бајден и неговото семејство.

Обвинението против Трамп доаѓа пет дена откако федералната голема порота во Мајами го обвини по 37 кривични точки, вклучително и 31 точка во кои се обвинува дека „намерно ги задржал“ доверливите документи за национална одбрана што го прекршува Законот за шпионажа. Секоја точка предвидува максимална казна затвор до 10 години.

Обвинението го именува Волт Наута, помошник на Трамп, како соучесник во случајот, обвинувајќи го за шест точки, вклучително и за опструкција.

Трамп е првиот поранешен претседател кој се соочи со федерално обвинение. Ова е вторпат за два месеца да биде обвинет.

На сослушувањето, судијата го информираше Трамп за неговите права и ги прочита обвиненијата против него.

Случајот е доделен на судијката Ејлин Канон, назначена од Трамп, која предизвика критики за фаворизирање на поранешниот претседател во нејзините пресуди за случајот минатата година.

Канон накратко ги блокираше федералните истражители да ги испитаат документите запленети од одморалиштето Мар-а-Лаго на Трамп минатиот август и назначи специјално лице да ги прегледа. Но, апелациониот суд подоцна ја поништи нејзината пресуда, велејќи дека таа нема овластување да одлучува како што одлучила.

Обвиненијата против Трамп произлегуваат од истрагата што започна откако Трамп, наводно, ги отфрлил повторените напори на Националниот архив да ги земе документите што Трамп ги зел од Белата куќа и ги чувал во Мар-а-Лаго.

Федералното обвинение го обвинува Трамп за 31 точка за „намерно задржување“ на доверливи информации за националната одбрана, секоја за различен документ што го зел од Белата куќа.

Дваесет и еден од тие документи беа меѓу повеќе од 100-те што ФБИ ги откри за време на претресот на Мар-а-Лаго минатиот август.

Дел од информациите се од АП

Поврзано

XS
SM
MD
LG