Линкови за пристапност

Поддржувачите на Трамп го пречекаа во Флорида


Поранешниот претседател треба да биде во федералниот суд во Мајами, утре во 3 часот попладне, да се соочи со федерално обвинение за случајот со доверливи документи
Поранешниот претседател треба да биде во федералниот суд во Мајами, утре во 3 часот попладне, да се соочи со федерално обвинение за случајот со доверливи документи

Поранешниот претседател на САД Доналд Трамп пристигна во Мајами за да се соочи со федерално обвинение, додека новата анкета на Ројтерс/Ипсос покажа оти огромното мнозинство од неговите колеги републиканци веруваат дека случајот е политички мотивиран.

Трамп, фаворит за републиканска номинација на претседателските избори во 2024 година, треба да биде во федералниот суд во Мајами утре во 3 часот попладне, локално време, за првично појавување во овој случај.

Обвинет дека незаконски ги чувал документите за национална безбедност на САД и ги лажел функционерите кои се обиделе да ги вратат, Трамп се изјасни за невин и вети дека ќе ја продолжи својата кампања за враќање на претседателската функција на изборите во ноември 2024 година.

Трамп, кој в среда полни 77 години, стигна во Мајами со приватен авион со неговото име.

Поддржувачите се собраа пред блискиот клуб за голф што го поседува, каде што треба да преноќи.

„Се надевам дека целата земја гледа што прави радикалната левица на Америка“, напиша тој на својата социјална медиумска платформа „Truth Social“ пред да замине од Њу Џерси.

Правните проблеми на Трамп не влијаеја на неговата популарност меѓу републиканските гласачи.

Анкетата на Ројтерс/Ипсос објавена денес покажа дека 81 отсто од републиканците сметаат оти обвиненијата се политички мотивирани.

Анкетата, исто така, покажа дека Трамп продолжува да ги води своите ривали за претседателската номинација на партијата со голема разлика.

Околу 43 отсто од самоидентификуваните републиканци рекоа дека Трамп е нивниот префериран кандидат, во споредба со 22 отсто кои го избраа гувернерот на Флорида Рон ДеСантис, најблискиот ривал на Трамп.

На почетокот на мај, Трамп го предводеше ДеСантис со 49 отсто наспроти 19 отсто, но тоа беше пред ДеСантис официјално да влезе во трката.

Трамп го обвинува претседателот Џо Бајден, дека го организирал федералниот случај за да ја поткопа кампањата на Трамп.

Бајден се држи на дистанца од случајот и одбива да го коментира.

Извор: Ројтерс

XS
SM
MD
LG