Линкови за пристапност

Трамп: САД ќе бидат главни во светот за криптовалутите


Трамп: САД ќе бидат главни во светот за криптовалутите
please wait

No media source currently available

0:00 0:03:21 0:00

Инвеститорите во криптовалути имаат големи надежи за приближувањето на претседателствувањето на Доналд Трамп, кој оваа година водеше кампања како шампион на дигитални валути. Скот Стернс има повеќе.

Во кампањата за претседател, Доналд Трамп ја спореди заедницата на Биткоин со моќта на американскиот челик пред 100 години.

„Тоа е духот што ја изгради Америка, и тоа е духот што ќе ни помогне да ја направиме Америка повторно голема“, рече Трамп во предизборната кампања.

Трамп вели дека ќе ги направи САД главни за криптовалута на планетата.

„Доколку криптовалутата ја дефинира иднината, сакам да се копа, кова и произведува во САД“, рече Трамп во предизборниот период.

По победата на Трамп, вредностите на биткоинот достигнаа рекордни високи нивоа. Инвеститорите во дигитални валути се охрабрени од ветувањата на Трамп за олабавување на надзорот над криптовалутите од американската Комисија за хартии од вредност, пазарниот аналитичар Гарик Хилеман вели дека администрацијата на Џо Бајден користела построги контроли за да спречи некои лоши актери.

„Тоа веројатно имаше застрашувачки ефект врз измамниците кои сакаат да навлезат во криптовалутите. Значи, ако сега воведете саморегулација, може да имате бумеранг ефект каде што би се случувале уште повеќе измами и криминал, што има многу негативен ефект врз луѓето кои сакаат да го прифатат ова како вистинско богатство“, вели Хилеман.

Про-криптовалута тимот на Трамп исто така разгледува и други промени во политиката за поддршка на индустријата, вели пазарната аналитичарка Сузана Стритер.

„Политиките што тие ги предложија вклучуваат создавање стратешка резерва на биткоин и други криптовалути, бидејќи средствата се запленети од криминалци, но тие се продадени“, посочува Стритер и додава дека пристапот на Трамп изгледа повеќе во согласност со интересите на криптовалутите за да ја задржи индустријата во голема мера децентрализирана.

„Се чини дека тимот не поддржува предлози за дигитална валута на централната банка, всушност дигитален долар што може да доведе до поголема централизација на валутата, што секако не е поддржано од крипто индустријата“, вели Стритер.

А тука е Илон Маск, чија компанија за електрични возила „Tesla“ поседува значителна количина на „Bitcoin“. Маск во последниот месец од камапањата му се приклучи на Трамп и сега ќе копретседава со напорите на претстојната влада за подобрување на ефикасноста.

„Досега не сум бил политички активен. Сега сум политички активен бидејќи мислам дека доведени се во прашање иднината на Америка и иднината на цивилизацијата“, рече Маск во предизборниот период.

Хилеман вели дека Маск ќе биде централен за очекуваната на Трамп, градејќи ентузијазам за криптовалути.

„Тој е голем обожавател на Dogecoin, кој е мем-монета што се усогласува со неговата филозофија дека најзабавниот исход, претпоставувам, е најверојатниот исход“, вели Хилеман.

Дигиталните валути сè уште се соочуваат со пречки за пошироко прифаќање, при што податоците од Истражувачкиот центар Пју минатиот месец покажаа дека речиси две третини од Американците велат дека имаат малку до никаква доверба дека сегашните начини за инвестирање, трговија или користење криптовалути се сигурни и безбедни.

Facebook Forum

XS
SM
MD
LG