Гренланд, полуавтономната данска територија прекриена со мраз, повторно е на удар на новоизбраниот претседател Доналд Трамп, по именувањето на својот амбасадор во Данска, Трамп напиша дека, цитирам, „За целите на националната безбедност и слободата низ целиот свет, Соединетите Американски Држави чувствуваат дека сопственоста и контролата над Гренланд се апсолутна неопходност“.
Трамп, исто така, предложи дека повторно ќе ја преземе контролата врз Панамскиот канал. Тој ги нарече тарифите што Панама ги наплаќа за користење на виталната рута за испорака како „целосно откопување“.
„Доколку не се почитуваат принципите, морални и правни, на овој великодушен гест на давање, тогаш ќе бараме Панамскиот канал да им се врати на Соединетите Американски Држави целосно, брзо и без прашање“, истакна Трамп.
Секој квадратен метар од каналот ќе продолжи да ѝ припаѓа на Панама, рече претседателот Хозе Раул Мулино, отфрлајќи ги наводите на Трамп за претерано наплатување.
„Цените не се каприц. Тие се воспоставени јавно на отворена расправа - имајќи ги предвид пазарните услови, меѓународната конкуренција, оперативните трошоци и потребите за одржување и модернизација на меѓуокеанскиот воден пат“, изјави Мулино.
Данската премиерка Мете Фредериксен, исто така, рече дека Гренланд не е на продажба.
Првичните повици на Трамп за купување на Гренланд во 2019 година за време на неговиот прв мандат не завршија. Но, неговите изјави сега додека се подготвува да положи заклетва на 20-ти јануари ги прави некои сојузници и партнери претпазливи.
Тоа ја вклучува и Канада. Трамп го нарече премиерот Џастин Трудо како, цитат, „гувернер“, сугерирајќи дека САД можат да го апсорбираат северниот сосед, и се закани со царини од 25 отсто за Канада.
Крајната цел на Трамп е нејасна. Но, неодамна неговиот син, Ерик Трамп, објави на социјалните мрежи изработена фотографија од новоизбраниот претседател како ја купува Канада, Гренланд и Панамскиот канал преку Амазон, веб-страницата за онлајн шопинг.
Facebook Forum