Глас на Америка: Обвинителството посочи дека се чека вештачењето од Словенија, по добеното вештачење од Србија, кое, пак, потврдило недоследности во работењето. Како се работи денес на Клиниката?
Таравари: Не дека се работи подобро, туку јас мислам дека со новиот директор е комплетно поинаку. Се надевам дека на Клиниката за Онкологија нема веќе да има такви скандали, нема да се повторуваат. Не само на Клиниката за Онкологија, туку и во други здравствени јавни институции. Моментално на Клиниката за Онкологија се случи само околу 10 дена да недостасува биолошка терапија. Инаку, 95% од терапијата што се користи кај онколошките пациенти ја имаше. Ја надминавме и кризата со онколошката терапија. Се случи само 10 дена, меѓутоа повторно ја има комплетно биолошката терапија, така што во ред сме, и мислам дека тоа што го работи и како го работи директорот на Клиниката за Онкологија е за поздравување.
Глас на Америка: Рековте дека 95% од биолошката терапија ја има...
Таравари: ...Не од биолошката терапија, од вкупно онколошката терапија. Од биолошката терапија кога зборуваме веќе ја има комплетно цела.
Глас на Америка: Дали тоа значи дека сите пациенти можат сега да добијат терапија?
Таравари: Да. Сите тие коишто имаат потреба за таква терапија. Зборуваме за многу скапа терапија, да го имаме предвид ова, повеќе не земаме терапија на реверз како што порано се злоупотребувало. Веќе конзилиум на доктори по протоколи коишто постојат одлучуваат каде да се даде биолошка терапија.
Facebook Forum