Министерот за здравство уверува дека ситуацијата на Клиниката за онкологија каде речиси две седмици нема биолошка терапија за пациентите со канцер дека веќе се нормализира.
Арбен Таравари вели дека од денеска почнале да пристигаат сите неопходни лекови и дека до идната седмица состојбата во целост ќе се надмине. Но, се појавува и друг проблем – недостаток на друг вид терапија – биолошка.
Првпат се случува откако сме на власт, 10 дена да нема терапија, но повторувам - 95 проценти од пациентите имаат терапија, а недостасуваше само за 5 посто.
„Терапијата е стигната, утре уште два лека ќе стигнат, а во понеделник уште три. Практично ќе ги има сите лекови што ги немаше досега. Првпат се случува откако сме на власт, 10 дена да нема терапија, но повторувам - 95 проценти од пациентите имаат терапија, а недостасуваше само за 5 посто. А оваа набавка што сега ја користиме не сме ја направиле ние, туку е направена од тие пред нас. Но тоа е ирелевантно за пациентите. За нив, е битно тие да имаат терапија. Станува збор за 20 до 30 пациенти, но и еден пациент да нема – многу е.“, изјави министерот за здравство Арбен Таравари.
Прашање: Дали е вистина дека се трошат последните количества имунолошка терапија на Клиниката за онкологија која е различна од биолошката терапија?
„Се надевам дека и тоа ќе го покриеме набрзо и нема да има криза. Се обидуваме да изгаснеме пожари што однапред се предизвикани. Не сакам да се правдам или да барам кој е крив, ама овие тендери за оваа количина се претходно направени. Сега со новото снабдување со лекови се надевам дека идната година нема да се случи наредниот јануари и февруари да недостасуваат одредени лекови.“, изјави министерот за здравство Арбен Таравари.
Facebook Forum