Авионот е над прекрасните предели. Но, не можеме да ви покажеме како изгледа. Или какви спецификации има. Или лицата на пилотите, ниту пак каде се наоѓа. Авионот е во тајна мисија ... да спасува жртви на сексуална трговија.
Пилотот вели дека главните кои се вклучени во педофилија ги сметаат нивните жртви за стока.
„Секој поединец без разлика дали е момче или девојче вреди меѓу 150 и 200 илјади долари годишно“, вели еден од пилотите, чиј идентитет не се открива.
Оние кои тргуваат со луѓе доаѓаат до жртвите кога ќе избегаат.
Затоа потребно е „невидилвите ангели“ тајно да летаат ... за да ги спасат жртвите.
„Работиме во координација со спасувачките агенции и со органите за спроведување на законот за да ги извлечеме од опасност, невидливо и брзо, за да не знаат каде одиме, од каде доаѓаме; сите наши броеви на летови и сите наши податоци се блокирани на интернет“, објаснува вториот таен пилот.
Во секој момент, пилотите би можеле да добијат повик за спасувачки лет. Во просек имаат по еден повик на секои две недели.
Кејти била жртва на трговија со луѓе на 12 години. Таа посакува невидливите ангели да биле наоколу секој пат кога таа се обидувала да избега.
„Ќе можев да излезам без да се грижам ако некој ме најдеше“, објаснува Кејти.
Кејти и повеќе од шест илјади други девојки се спасени од „Селах Фридом“ – непрофитна организација која има тајна локација во сојузната држава Флорида. Ко-основачката Лори Свинк вели дека невидливите ангели ја менуваат стратегијата.
„Најлошо беше да ги качите во автобус, бидејќи трговците со луѓе обично се дружат на автобуските станици зашто бараат ранливи луѓе и многу пати да ги наоѓаат таму”, вели Свинк.
Холи е авторка. Таа преживеала сексуална трговија со луѓе. Дошла во Селах пред неколку години со комерцијални летови. Таа вели дека ако доаѓала со лет на невидливите ангели тоа би и дало самодоверба.
„Застанувањето во Атланта ми беше најтешко. Ако не бев ментално подготвена да се упатам во Селах Фридом Хаус, не знам дали само би го напуштила аеродромот и никој немаше да знае“, вели Холи.
Невидливите ангели работат доброволно и со нивните авиони ги земат девојките како Холи и Кејти за да ги однесат на безбедно.
Facebook Forum