Линкови за пристапност

Таен подземен премин откриен на границата меѓу Мексико и САД


Таен подземен премин откриен на границата меѓу Мексико и САД
please wait

No media source currently available

0:00 0:01:42 0:00

По неодамнешното откривање на нелегален тунел што ги поврзува американскиот и мексиканскиот град Ел Пасо и Хуарес, мексиканските власти започнаа операција за откривање на други нелегални подземни премини. Известува Цезар Контрерас.

Нелегалниот таен премин ги поврзува мексиканскиот град Хуарес и американскиот град Ел Пасо во Тексас.

Тунелот под реката Рио Гранде е широк малку повеќе од еден метар и висок речиси два метра. Се поврзува со атмосферска канализација и е опремен со осветлување и вентилација.

„Покриен е со дрвени греди, како што ќе можете да видите. Има дрво за да спречи колапс“, вели генералот Хосе Лемус Сиснерос.

Властите веруваат дека оваа подземна рута била користена за шверц на мигранти и дрога од Мексико во САД.

Агентите на американската гранична патрола во Ел Пасо го открија тунелот на 9 јануари за време на инспекција по бура и почнаа да го затвораат на северната страна на границата една недела подоцна.

И мексиканските власти почнаа да го затвораат тунелот на нивна страна и велат дека бараат други.

„Ги зголемивме активностите за пребарување за да откриеме други тунели, доколку ги има, и нашето присуство ќе биде постојано“, додава Синсерос.

Мексиканската влада ги зголеми патролите на стратешките места во Хуарес за да спречи мигрантите да бидат заробени во тунели или да станат жртви на трговија додека се обидуваат илегално да ја преминат границата.

„Нашата главна цел е да ги заштитиме мигрантите и да обезбедиме тие да не ги ризикуваат своите животи обидувајќи се илегално да влезат во САД. Меѓутоа, по откривањето на овој тунел, ние сме фокусирани и на потрага по други тунели во областа“, вели Хилберто Лоја, директор за јавна безбедност на Чивава.

Истрагите се во тек, а мексиканските власти ја повторија својата посветеност да ги затворат нелегалните рути долж границата.

Facebook Forum

XS
SM
MD
LG