Линкови за пристапност

Сè повеќе Американци заинтересирани да гласаат преку пошта


Сè повеќе Американци заинтересирани да гласаат преку пошта
please wait

No media source currently available

0:00 0:03:37 0:00

Гласачите во САД имаат неколку начини да го дадат својот глас на претседателските избори, вклучително и преку пошта. Многу демократи го прифатија гласањето преку пошта, а сега републиканците се повикани да ги искористат сите опции за гласање. Известува Вероника Балдерас Иглесијас.

Ентузијазмот за изборите во ноември во САД е „просечен“ меѓу гласачите, според неодамнешната анкета на Галуп. Гласањето е право кое не треба да се зема здраво за готово.

„Гласањето е најфундаменталниот начин да се слушне вашиот глас“, смета Пилар Кели, гласач.

„Мораме да гласаме за работите кои ќе и помогнат на нашата земја“, додава Џени Вилсон, жителка на САД со право на глас.

Американците можат лично да гласаат на денот на изборите или предвреме на посебни избирачки места. Тие исто така можат да ги испратат своите гласачки ливчиња преку Поштата на САД.

„Секоја држава во земјата дозволува некаква форма на гласање по пошта. Начинот на кој тие се разликуваат е во тоа колку им е потребен изговор, како - дали гласачот е далеку од неговиот дом или од избирачкото место на денот на изборите“, смета Вил Адлер од Меѓупартискиот центар за политики.

Некои сојузни држави нудат гласање по пошта, а регистрираните гласачи ги добиваат своите гласачки ливчиња автоматски пред денот на изборите.

Мерките за социјално дистанцирање на почетокот на пандемијата со Ковид -19 го зголемија гласањето преку пошта.

Повеќе демократи отколку републиканци го прифатија тоа за време на изборните циклуси во 2020 и 2022 година, според истражувањата на Истражувачкиот центар Пју.

Пораката на претседателот Бајден за ова прашање беше конзистентна низ годините.

„Гласањето по пошта е безбеден и удобен начин да се поттикнат повеќе луѓе да гласаат“, рече Бајден.

Претходникот на Бајден, Доналд Трамп, кој повторно се кандидира за претседател, постојано изразува загриженост дека гласањето по пошта може да вклучи и измама.

„Гласањето поради отсуство е добро. Гласањето по пошта е многу лошо. Нема шанси точно да се избројат гласовите“, рече Трамп во 2020 година.

Сепак, од 2023 година, неколку републикански политичари ја истакнаа потребата нивниот електорат да ги користи сите форми на гласање. Трамп, исто така, покажа отвореност кон тоа. На 9-ти мај, тој истакна на својата платформа Truth цитираме, „гласањето поради отсутно, предвременото гласање и гласањето на денот на изборите се добри опции“.

Групите кои се обидуваат да ги мобилизираат републиканските гласачи велат дека сакаат да го отстранат гласањето преку пошта, можност што ја воспоставија демократите.

„Колку повеќе гласачи можеме да ги мотивираме преку предвремено гласање, поради отсутност да гласаат, или да гласаат по пошта, толку подобра позиција ќе имаме на изборната ноќ“, посочува Макс Доски од Комитетот на републиканско лидерство.

Одборот за демократска законодавна кампања во изјава за Гласот на Америка изјави дека се сомнева дека републиканските гласачи ќе бидат убедени да ги променат своите ставови.

Комитетот, исто така, предупреди за законодавството што го разгледуваат државните републиканци за блокирање на гласачките ливчиња испратени по пошта со мали грешки и забрана на гласачките кутии.

Експертите велат дека не е лесно да се предвиди како гласањето по пошта може да влијае на овогодинешниот изборен резултат.
„Ако се олесни гласањето по пошта, тогаш ќе видите поголема излезност. Не е јасно дали има силен ефект врз исходот, бидејќи дури и републиканците ќе сакаат да гласаат и ќе најдат начини да гласаат“, вели Мајкл Мекдоналд, професор од Универзитетот на Флорида.

Мекдоналд изрази уверување дека заштитните мерки што ги имаат изборните органи ќе ги намалат и онака историски малите шанси за лажни гласови на претседателските избори.

Facebook Forum

XS
SM
MD
LG