Линкови за пристапност

Сè помлади жени заболуваат од рак на дојка


Сè помлади жени заболуваат од рак на дојка
please wait

No media source currently available

0:00 0:03:19 0:00

При секој преглед гледаме да ги анимираме жените и да укажеме на важноста од превентивниот и навремениот преглед. Навреме откриената болест, сто отсто можам да кажам дека е излечива, вели Тони Чифлигароски, радиолог од Охрид

За жал во нашата институција минатата година беше 22-годишно девојче, објаснува Тони Чифлигароски, лекар-радиолог во Општата болница во Охрид и укажува дека бројот на новозаболени жени од рак на дојка во земјата е сè поголем.

Загрижувачки е фактот што се намалува и старосната граница. Со цел навремена превенција и охридската болница е дел од програмата на Министерството за здравство, за бесплатни скрининг прегледи за жени од 40 до 69 години. На годишно ниво треба да извршат околу 1000 прегледи.

„При секој преглед ние гледаме да ги анимираме жените и да укажеме на важноста од превентивниот и навремениот преглед. Бидејки навреме откриената болест, сто посто можам да кажам дека е излечива“.

На годишно ниво заболуваат околу 800 лица, односно една од осум жени заболува од карцином на дојка, кој е најзастапена малигна болест кај женската популација. Бројот на смртни случаи во просек е 400 пациенти.

„Како една сугестија на одговорните во Министерството за здравство, да ги анимираат жените и да го олеснат пристапот за скрининг. Не сме далеку од идејата и за мобилен скрининг, што беше карактеристично за едни минати години“, додава Чифлигароски.

Податоците од едно неодамнешно истражување на организацијата на жени од Општина Свети Николе се загрижувачки.

„Не најдов ниту една жена да биде запознаена со оваа програма, да аплицира самата или преку матичен лекар да се јави на програма за бесплатен скрининг за рак на дојка“, вели Даниела Панева, претседателка на организација на жени на општина Свети Николе.

Тие се обидуваат на разни начини да им помогнат на жените кои веќе се соочуваат со оваа болест. За нив обезбедуваат и бесплатни перики.

„Се обраќаат кај нас, бидејки самиот процес на хемотерапија значи и губење на косата. Една од активностите кои ги имаме, е давање на бесплатни перики за жените кои се без коса, односно кои одат на хемотерапија. Заедно со перики даваме и по два турбани за секоја жена“, објаснува Панева.

Се организираат и разни други активности, но и индивидуални посети кај заболени од рак на дојка.

„Со тие посети жените чувствуваат дека можат да пребродат полесно и дека не се сами во борбата со ракот. Покрај едукативни работилници со докторка и психолог, имаме едукативни работилници со психотерапевт, физиотерапевт или професор по физичко образование каде изведуваат разни вежби на отворено или во сали“, вели Панева.

Секоја година во месец октомври се организира и т.н розева прошетка низ градот, со цел подигнување на свеста за оваа болест.

Лекарите велат дека причина за појавата на болеста се мултифакторски.

„Генетските фактори се многу важни, а во последно време наголемо се зборува и за мутација на одредени гени кои се пренесуваат и кои се еден од факторите за настанување на болеста. Потоа нерационално користење на хормонски препарати. Начинот на живот исто така влијае“, вели лекарот Чифлигароски.

Facebook Forum

XS
SM
MD
LG