Линкови за пристапност

Сè поголем број корисници мигрираат од „X“ кон мрежата „Блускај“


Сè поголем број корисници мигрираат од „X“ кон мрежата „Блускај“
please wait

No media source currently available

0:00 0:02:25 0:00

Блускај, децентрализирана платформа за социјални медиуми, неодамна доживеа значителен раст, надминувајќи 22 милиони корисници. Напливот се припишува на корисниците кои мигрираат од „X“. Известува Андреј Деркач.

Платформата за социјални медиуми Блускај започна во 2019 година како експериментален проект во рамките на „Твитер“ и беше предводена од неговиот ко-основач и поранешен извршен директор на “Твитер“, Џек Дорси.

По претседателските избори во 2024 година, алтернативната платформа на Илон Маск, забележа пораст на популарноста.

„Блускај доживеа огромен пораст на популарноста во голема мерка затоа што мислам дека откако Доналд Трамп победи на изборите во 2024 година, помеѓу луѓето имаше чувство дека “Твитер“ беше ефикасно направен, особено сега откако Илон Маск ќе биде член на администрацијата на Доналд Трамп“, вели Кетрин Крос од Универзитетот во Вашингтон.

Во првата недела по изборите, платформата имаше околу милион нови корисници дневно. Темпото сега е забавено по изборите, но “Блускај“ сега добива над 180 илјади корисници дневно.

Во светот на професионалниот спорт, фудбалскиот клуб Вердер Бремен беше меѓу првите кои го напуштија „Х“ и се приклучија на “Блускај“, каде што мора да се признае дека немаат толку многу следбеници, но ...

„...ние како клуб не можеме да се спротивставиме на дискриминацијата, хомофобијата, трансфобијата, антисемитизмот, говорите на омраза и слично, а потоа да останеме на платформата каде сите овие работи многу брзо се зголемуваат“, вели Бремен.

Други платформи за социјални медиуми како „Тредс“, исто така, доживеаја пораст на нови корисници, но она што го прави уникатен “Блускај“, е начинот на кој е дизајниран.

„Блускај нема алгоритам и ви дава огромен избор за тоа кого следите и каква содржина гледате“, додава Крос.

Кристоф Пипер не е сигурен дали преселбата во „Блускај“ ќе биде успешна но, тие се отворени и за други опции. Сепак, она во што се сигурни е дека не се враќаат на платформата „Х“.

„Имаме некои вредности, и ако го сфатите тоа сериозно, мора да донесете некои одлуки. Ние сме задоволни со тоа“, смета Пипер.

И покрај ваквото напуштање на „X“, експертите велат дека компанијата има доминантна позиција на пазарот со над 300 милиони активни корисници секој месец. „Блускај“ има скромни 22 милиони корисници, што ја прави платформа... која продолжува да расте.

Facebook Forum

XS
SM
MD
LG