Панамскиот канал функционира затоа што локалната свежа вода го напојува теснецот меѓу океаните. За еден од најврнежливите региони во светот, обилната свежа вода обично не е проблем во Панама. Но, потпросечните врнежи предизвикани од климатскиот феномен Ел Нињо го ограничуваат бројот на бродови што поминуваат низ Каналот за прв пат во неговата историја.
Метеорологот Глорија Ароча вели дека преминувањата биле намалени од 36 дневно во август минатата година на 22 во ноември.
„Ноември имавме дефицит, но не беше толку лош како што очекувавме. Ја зголемивме количината на транзити дневно на 24 во јануари. Мора да почекаме до април-мај и првите врнежи пред да одлучиме дали ќе менуваме нешто“, вели Ароча.
Властите проценуваат дека ниското ниво на вода што се одразува врз бродскиот сообраќај може да ја чини Панама и до 200 милиони долари загубен приход во споредба со претходната година.
Тоа се чувствува и на локално ниво.
Реј Санчез поседува продавница за опрема за нуркање на Карибите. Вели дека бизнисот е намален за најмалку 50 проценти.
„Овде сега нема речиси никаков сообраќај од бродови за крстарење. Можеби еден или двајца луѓе кои ќе ме контактираат за нуркачки цели. Порано имаше три до четири пати годишно групи луѓе кои доаѓаа да нуркаат“, вели Санчез.
Американските бизниси се најголемите корисници на каналот, со 73 отсто од сообраќајот кој се движи или кон или од САД. Вашингтон тесно соработува со панамските власти за да помогне, наведува советничката во Амбасадата на САД за економски прашања Вики Лимеј.
„Инженерскиот корпус на армијата на САД работи со властите на Панамскиот канал на некои од нивните среднорочни и долгорочни прашања за планирање на инфраструктурата и управување со водите. Помагаме да се најдат начини да се привлечат повеќе американски инвестиции во Каналот и во Панама. Се надевам дека ќе поттикнеме вид на иновации и инвестиции во нова технологија што ќе помогне да се ублажат ефектите од климатските промени“, посочува Лимеј.
Facebook Forum