Линкови за пристапност

Студентските про-палестински протести од САД се прелеваат и во Европа


Студентските про-палестински протести од САД се прелеваат и во Европа
please wait

No media source currently available

0:00 0:03:07 0:00

Светот внимателно ги следи студентските протести на кампусите на американските колеџи против однесувањето на Израел во војната во Газа. Глобалните реакции на демонстрациите, варираат од гордост и солидарност до тревога и осуда. Известува Синди Сејн.

Универзитетот Колумбија во Њујорк е епицентарот на пропалестинските протести кои се проширија низ Америка.

Студентите ги повикуваат нивните универзитети да ги откријат сите нивни средства поврзани со Израел и да ги прекинат сите академски партнерства со Израел. Тие исто така ги повикуваат САД да престанат да испраќаат воена помош за Израел.

Протестите сега се шират на други места во светот, вклучувајќи ги и демонстрациите во вторникот на Слободниот универзитет во Берлин во Германија.
Студентите во Германија, Франција, Обединетото Кралство, како и во Газа ги поздравија американските протести.

Иран ја критикуваше полициската акција на некои кампуси, при што врховниот водач Али Хамнеи на Твитер ја изрази својата поддршка за американските студенти.

Еден универзитет во Иран дури понуди да прими избркани американски студенти или отпуштени професори, иако Алекс Ватанка од Институтот за Блискиот Исток за Гласот на Америка изјави дека не очекува да има наплив од американски студенти кои купуваат авионски билети за Техеран.

Друг експерт од Универзитетот во Чикаго вели дека не верува дека протестите ќе ја имаат моќта како на масовните студентски демонстрации на САД против Виетнамската војна кон крајот на 1960-тите.

Facebook Forum

XS
SM
MD
LG