Линкови за пристапност

Обама: Стратегија за „момент на транзиција“


Обама: Стратегија за „момент на транзиција“
Обама: Стратегија за „момент на транзиција“

Американскиот претседател Барак Обама го објави новиот одбранбен план што рефлектира милијарди долари буџетски скратувања и што тој го опиша како „момент на транзиција“ по една деценија војна.

Претседателот го објави стратешкиот план во Пентагон во четврток. Нему му се приклучи Секретарот за одбрана Леон Панета и претседателот на Здружениот генералштаб, генералот Мајкл Демпси.

Обама кажа дека новата стратегија ќе вклучи фокусирање на Азија и на Блискиот исток.

Планот отстапува од децениската стратегија за можност да се водат две војни истовремено, но Панета кажа дека САД ќе бидат во можност да конфронтираат повеќе непријатели.

Обама рече дека САД остануваат армиски супериорни и дека земјата се движи од „позиција на сила“ среде транзицијата од војната во Авганистан и по војната во Ирак, а Панета појасни дека конечните цифри на скратувања за одбраната ќе покажат што тоа ќе значи за припадниците на армијата.

XS
SM
MD
LG