Линкови за пристапност

САД ја завршија армиската мисија во Ирак


САД ја завршија армиската мисија во Ирак
САД ја завршија армиската мисија во Ирак

Историски момент за народите на двете земји, кажа секретарот за одбрана Панета на церемонијата во Багдад.

Сонот за назависен и суверен Ирак сега е реалност, кажа американскиот секретар за одбрана Леон Панета на церемонијата во Багдад со која САД го одбележаа крајот на армиската мисија во земјата. Ова е историски момент и за ирачкиот, и за американскиот народ, рече првиот човек на Пентагон.

31-ви декември е крајниот рок за повлекување на преостанатите американски сили од Ирак. Во земјата сега има само околу 4.000 војници, за разлика од 170-те илјади во екот на Ирачката војна.

Панета кажа дека војниците ќе заминат од Ирак свесни дека помогнале на Ирачаните да отворат ново поглавје во историјата, осолободени од тиранија и полни со надеж за просперитет и мир. Па сепак, за тоа да стане можно, и Американците, и Ирачаните пролеаја многу крв, рече секретарот за одбрана. Од почетокот на Ирачката војна во 2003-та, загинаа речиси 4.500 американски војници и десетици илјади Ирачани.

Панета кажа и дека сега Ирак самиот е одговорен за својата иднина, но дека САД ќе останат партнер со значително дипломатско присуство во земјата.

XS
SM
MD
LG