Линкови за пристапност

Претседателот ќе ја турка енергетската агенда и во Невада


Претседателот ќе ја турка енергетската агенда и во Невада
Претседателот ќе ја турка енергетската агенда и во Невада

Американскиот претседател Барак Обама ќе ја посети коцкарската мека Лас Вегас, во Невада, и воздухопловната база во Роки Маунтинс, Колорадо во четврток, за да изврши притисок за неговата нова енергетска агенда во две држави кои се важни за претседателските избори 2012.

Обама се очекува да зборува за енергетската реформа на двете застанувања, привлекувајќи внимание на предлозите за користење на чиста енергиоја и поголемо производство на домашна нафта и гас. Неговите забелешки се надоврзуваат на критиката на републиканците порано неделава за суспензија на плановите за изградба на нафтовод што ќе минува низ државата, од Канада до Тексас.

И Невада и Колорадо треба да имаат претседателски кокуси на републиканската партија во следните две недели.

Во меѓувреме, претседателските кандидати Њут Гингрич, Мит Ромни, Рик Санторум и Рон Пол се подготвуваат за соочување на дебата во сојузната држава Флорида, во четврток вечер. Флорида ќе ги одржи републиканските прелиминарни избори кои се со голем влог, во вторник. Трката во Флорида се покажа дека е натпревар меѓу првите по поддршка кандидати, Гингрич и Ромни, и најверојатно ќе се однесува на прашања како имиграцијата и американските односи со Куба, во државата најблиску до кумунистичката островска нација.

XS
SM
MD
LG