Во видео објавено до неговите поддржувачи само неколку дена пред говорот, Обама вели дека ќе објави нацрт за економијата „изградена да трае“, вклучувајќи нови предлози за производство, чиста енергија и образование, од кои сите според него се со цел да и` помогнат на средната класа на државата.
Ова ќе биде трето годишно обраќање на Обама за состојбата на Унијата, како нацрт за неговата кампања за реизбор во 2012-та, со нагласување на разликите меѓу него и републиканците.