Линкови за пристапност

Обама ќе објави нов план за одбраната


Обама ќе објави нов план за одбраната
Обама ќе објави нов план за одбраната

Американскиот претседател Барак Обама се очекува во четврток да претстави нов план за одбраната што ќе ги одрази милијардите долари во буџетски скратувања и ќе ја прекине децениската стратегија да се биде подготвен за водење две војни истовремено.

Претседателот ќе има ретка посета на Посета, за да му се приклучи на Секретарот за одбрана Леон Панета и неговиот Генералштаб за претставување на ревидираната стратегија.

Неколку американски новински организации узвестуваат дека Пентагон ќе развие стратегија за водење и добивање на една војна, додека се задржува способноста да се блокираат агресивни акции во други делови на светот. Стратешката ревизија се очекува да ја нагласи американската определба на азиско-пацифичкиот регион како резултат на растечката загриженост на Вашингтон во врска со рапидното проширување на армијата на Пекинг. Друг проминентен дел на ревизијата е стратегијата за спротивставување на Иран.

Панета ќе ги објави плановите за намалување на бројот на трупите, намалување на цивилите во армијата, и одлагање на неколку програми за оружје, вклучувајќи и изградба на нов носач на авиони. Тој исто така сака да најде нови начини за намалување на трошоците за персоналот со ревидирање на армиските пензии и трошоци за здравствена заштита за трупите и нивните семејства.

Некои нови извештаи велат дека трупите ќе бидат намалени за 10 проценти, главно од Армијата и Маринците. Извештаите велат дека намалувањето може да вклучи војници стационирани во Европа и некои трупи фокусирани на контра-разузнавачки активности во држави како Авганистан.

Поранешот претставник на американската одбрана Френк Гафни за Гласот на Америка изјави дека новата стратегија има многу проблеми. Тој вели дека и стратегијата и буџетот може да ги попречат САД да бидат способни симултано да се справуваат со секој потенцијален конфликт, вклучувајќи ги Кина и Иран.

„Може да не зависи од нас колку војни треба да водиме. Непријателот може да претпостави дека не можеме да се справиме со повеќе од еден проблем во одреден момент и да го искористи тоа. Дури и полошо, перцепцијата дека сме слаби и неспособни да се справиме со таков вид на опасност, е отворена поканна за тоа“, вели Гафни.

Одделот за одбрана се соочува со намалувања од најмалку 450 милијарди долари, што е околу осум проценти од буџетот во наредната деценија. Сепак можни се и дополнителни скратувања, во износ од над 500 милијарди долари, како резултат на напорите на Конгресот и на претседателот Барак Обама за намалување на буџетскиот дефицит на САД.

Буџетот на Пентагон за годинава е околу 530 милијарди долари.

Многу бизниси, како произведувачите на оружје оружје и авиони, се очекува да ги почувствуваат скратувањата.

Во среда, Боинг, еден од најголемите произведувачи на авиони, кажа дека ја затвора фабриката во Канзас следната година, делумно заради промената на потребите на пазарот. Меѓу другото фабриката преуредува цивилни авиони за армиски потреби. Околу 2.000 вработениод фабриката ќе останат без работаа.

XS
SM
MD
LG