„Распоредувањето на американските воени средства во регионот на Персискиот залив ќе продолжи како што било со децении“, рече портпаролот на Пентагон Џорџ Литл во изјава.
Американски морнарички офицер, Бил Спикс, во имеил порака до новинарите во вторник рече дека САД се определени за безбедно пловење по водните патишта критични за глобалната трговија.
Иран се закани дека ќе одговори на санкциите од Запад во врска со нивната контроверзна нуклеарна програма со затворање на Теснецот Ормуц, клучна рута за извоз на земјите0производители на нафта од Персискиот залив.
Порано во вторникот, иранскиот армиски шеф, Ајатолахот Салехи, го предупреди американскиот носач на авиони што претходно беше во Персискиот залив, да не се враќа. Тој кажа дека Иран е подготвен да одговори на тоа што смета дека е „закана“.
Американската морнарица минатата недела кажа дека ЈуЕсЕс Џон Ц. Стенис го напуштил Заливот низ Теснецот Ормуз во претходно планирана, рутинска операција.
Франција во вторник повика на построги санкции спрема Иран, вклучувајќи и замрзнување на средствата во нивната централна банка.
Ова уследи по акцијата од САД, кои поставијанови санкции чија цел се финансиски институции кои работат со Иранската централна банка. Потегот може да наштети на способноста на Иран да продава нафта на меѓународни пазари.