Линкови за пристапност

Стотици илјади американски бездомници соочени со бркање


Стотици илјади американски бездомници соочени со бркање
please wait

No media source currently available

0:00 0:03:07 0:00

Стотици илјади американски бездомници соочени со бркање. Одлуката на Врховниот суд на САД од јуни овозможува да се казнуваат и апсат луѓе кои живеат и спијат на јавни места. Анџелина Багдасаријан известува од Калифорнија, каде има најмногу бездомници во САД. .

Официјални лица во округот Лос Анџелес ги расчистуваат шаторските кампови по јунската пресуда на Врховен суд на САД која им дозволи на заедниците да им забрануваат на луѓето да спијат или да живеат на јавни места, дури и ако немаат друго место каде да одат.

Во државата има 650 илјади бездомници во дадена ноќ, според податоците на САД. Шеридан, кој не го кажа своето презиме, е еден од нив.

„Во суштина, она што се случува е - војна против бездомниците“, вели Шеридан, кој се преселил во Калифорнија од Вајоминг, но вели дека неговите соништа не успеале.

Останал без дом, но не сакал да живее во прифатилиште. Така, тој живее на улица во последните пет години.

„Причината зошто никогаш не сум отишол во засолниште е затоа што имам поплаки до градот и округот. Тие знаат дека луѓето кои даваат понуди навистина не се обидуваат да помогнат. Сè што се обидуваат да направат е да ѝ помогнат на нивната политичка кариера“, објаснува Шеридан.

По пресудата на највисокиот суд, гувернерот на Калифорнија Гевин Њусом потпиша извршна наредба со која им се дозволува на федералните и локалните службеници да ги уништат камповите за бездомници, велејќи дека неговата цел е да им помогне на луѓето на кои им треба помош.

„Не станува збор за корупција. Она што е криминално е да ги занемариме луѓето кои страдаат и умираат, а ние тоа го гледаме. Она што е криминално е што луѓето немаат тоалет. Криминално е што буквално луѓето ги ставаат своите животи во ризик секоја вечер. Се наоѓаат мртви луѓе, избодени до смрт“, посочи Њусом

Во август Њусом потпиша два нацрт-закона за решавање на проблемот.

Еден од нив го олеснува преместувањето на луѓето без место за живеење во привремени станови подолго од 30 дена. Дугиот ја олеснува изградбата на дополнителни прифатливи станови низ државата.

Но, некои правни експерти велат дека двете мерки не се доволни.

„Нема доволно станбени единици по пристапни цени, нема доволно засолништа, нема луѓето каде да одат“, вели Сунита Пател, од Универзитетот на Калифорнија.

Според федерално пребројување, повеќе од 75.000 луѓе се бездомници во една ноќ само во округот Лос Анџелес.

Даш, кој, исто така, одби да го каже своето презиме, вели дека проблемот влијае и на луѓето како него кои живеат и работат во градот.

„Тоа е комплицирано прашање. Имав искуство со бездомници. Сум бил нападнат. Интервенираше полиција“, вели Даш.

Додека неодамнешната одлука на Врховниот суд им олеснува на заедниците да ги отстрануваат бездомниците од градските улици и тротоари - комплексното прашање е далеку од решено.

Facebook Forum

XS
SM
MD
LG