Линкови за пристапност

Стотици илјади Американци ја напуштиле Калифорнија


Стотици илјади Американци ја напуштиле Калифорнија
please wait

No media source currently available

0:00 0:03:02 0:00

Според последниот попис во САД, во 2022 година над 8 милиони Американци се преселиле на друго место во земјата. Стотици илјади ја напуштија Калифорнија, додека Флорида стана најбрзо растечката популација. Известува Анџелина Багдасаријан.

Џон Габун се преселил во Калифорнија во 2001 година. Денес е сопственик на туристичка агенција на булеварот Холивуд. Организира тури, на туристите им ги покажува куќите на познати личности низ Лос Анџелес.

„Јас сум од југот на Франција, но сакав да го живеам американскиот сон, па дојдов во Калифорнија…“, вели Габун.

Но, некои локални жители се преселиле, вели Габун. Меѓу нив има и некои од неговите пријатели.

„Трошоците за живот се превисоки; луѓето повеќе не можат да го издржат притисокот“, додава Габун.

Според најновите податоци од пописот на населението во САД, над 800.000 луѓе ја напуштиле Калифорнија и се преселиле во други држави во 2022 година.

Најпопуларна дестинација беше Тексас - околу 100.000 поранешни жители на Калифорнија најдоа нов дом таму.

„Дојдете во Тексас, но не носете ја со себе вашата политика!“, посочува Дајан Роудс која живее во Тексас. Вели дека разбира зошто луѓето сакаат да живеат во нејзината сојузна држава.

„Немаме данок на приходи, нашето домување е многу поевтино од Калифорнија и многу други држави. Слушнавме дека луѓето можат да ја продадат својата куќа во Калифорнија и да платат со готовина за куќа три пати поголема во Тексас“, додава Роудс.

Жители од Тексас се преселиле и во Калифорнија, но во многу помал број - околу 42.000 во 2022 година, според американскиот попис.

Според бројките на пописот, во 2022 година над 8 милиони Американци се преселиле и завртеле нова страница во животот во друга сојузна држава.

Но, иако многу луѓе ја напуштаат Калифорнија, таа сè уште е сојузна држава со најголема популација - со речиси 39 милиони жители.

Facebook Forum

XS
SM
MD
LG