Линкови за пристапност

Разговор со Мартина Димоска - аналогна астронаутка


Разговор со Мартина Димоска - аналогна астронаутка
please wait

No media source currently available

0:00 0:02:32 0:00

Од симулирани вселенски мисии до живеење во изолирани живеалишта, аналогните астронаути се први на линијата во подготовката на човештвото за патување во вселената. Една од нив е и Мартина Димоска, Македонка од Кичево, првата жена аналогна астронаутка од Балканот.

Аналогните астронаути го отвораат патот на човештвото до Месечината, Марс, но и другите планетарни тела. Овие смели поединци учествуваат во симулирани вселенски мисии, тестирајќи ги границите на човечката издржливост и технолошките иновации. 30-годишната Мартина Димоска од Кичево е првата Македонка и прва жена од Балканот аналогна астронаутка која учествувала во симулација на мисија на Марс поддржана од НАСА.

ИЗЈАВА: Мартина Димоска, Аналоген астронаут

„Како прва жена аналоген астронаут на Балканот, имаме мисии што треба да ги истражуваме. Тие мисии се всушност симулација на вселенска програма или симулација на некое вселенско живеалиште. Таквите мисии се извршуваат насекаде во светот, во екстремни услови, во делови од светот што се тешко достапни за општото население и се голем предизвик за да се извршат“.

Од живеење во изолирани живеалишта до спроведување експерименти во екстремни средини, аналогните астронаути се соочуваат со предизвици слични на оние што се среќаваат во вселената. Мартина Димоска учествувала на аналогни мисии во Северна Дакота, Соединетите Американски Држави, Полска и во Шпанија, како и на многу трензинзи на различни места во светот. Нејзиното искуство дава вредни сознанија за тоа како луѓето можат да живеат за време на долги мисии надвор од Земјата.

ИЗЈАВА: Мартина Димоска, Аналоген астронаут

„Целиот наш севкупен ден е доста разнолик, од тренинг до физички подготовки, до претподготовки за експерименти до симулации на вселениски прошетки. Така да, навистина разноврсен но доста исполнет ден, сами си ги подготвуваме нашите јадења, сами го одржуваме живеалиштето во живот, ги мериме нивоата на CO2, и на другите компоненти што треба да не одржат во живот исто како кога би го правеле тоа на некоја вистинска мисија меѓутоа тоа се случува тука на Земјата“.

Димоска вели дека во Северна Македонија потребна е повеќе политичка волја и разбирање за да се прават вселенски истражувања.

ИЗЈАВА: Мартина Димоска, Аналоген астронаут

„Навистина се трудиме да поттикнеме вселенски истражувања и кај нас дома, меѓутоа треба да се има повеќе политичка волја, повеќе заинтересираност од самите граѓани и да разберат како вселенските случувања и вселенските иновации всушност ги користиме во секојдневниот живот. На пример, влошките мемори пена на вашите обвуки, или пак перницата на која што спиете е поради вселенски технологии, Тефлонот на вашата тава што е нелеплив во кој што го пржите вашиот доручек исто е поради вселенски технологии“.

Додека гледаме кон иднината на истражувањето на вселената, аналогните астронаути од типот на Мартина Димоска ќе продолжат да го предводат патот, водејќи нè на нашето патување до ѕвездите.

Facebook Forum

XS
SM
MD
LG