Линкови за пристапност

Стево Пендаровски: Очекувам двојна победа


Стево Пендаровски: Очекувам двојна победа
please wait

No media source currently available

0:00 0:01:26 0:00

Македонските граѓани знаат дека алтернативата на ова што ние го нудиме, со сите грешки кои ги признаваме и за кои сме се извинувале е заробена држава, малтретирање на државната администрација, на оние кои не се нивни, криминал во енормни размери“, вели актуелниот претседател и кандидат Пендаровски

Овие избори за претседател за Стево Пендаровски се трети на кои тој учествува. Беше кандидиран од СДСМ, додека партијата беше во опозиција, и на изборите во 2014. Тогаш изгуби од избраникот на владејачката ВМРО-ДПМНЕ, Ѓорѓе Иванов, кој го доби вториот мандат. Сега, во 2024, Пендаровски е во слична позиција – предложен е од владејачката партија и се бори за вториот мандат како шеф на државата.

Во петте години поминати на врвната позиција во државата за Пендаровски не се врзуваат корупциски скандали или пак сериозни грешки во сферите во кои има ингеренции – надворешната и безбедносната политика.

Мандатот не му помина во нормални околности – се случија и пандемијата и руската агресија врз Украина. Од 2019 кога стапи на должност Пендаровски, за одредени прашања, знаеше да се конфронтира не само со опозицијата, која за него има многу забелешки, туку и со партиите од владејачкиот блок.

Во трката за вториот мандат се потпира на искуството што го има во државната служба, политиката на отвореност кон сите граѓани без разлика на нивната етничка припадност или политичка определба, како и разбирањето за тоа како во практика функционира меѓународната политика.

„Јас очекувам двојна победа. Зошто? Зашто македонските граѓани знаат дека алтернативата на ова што ние го нудиме со се сите грешки кои ги признаваме и за кои јавно сме се извинувале е заробена држава, малтретирање на државната администрација на оние кои не се нивни, криминал во енормни размери и тотална изолација на државата“, вели Пендаровски.

Пендаровски ја критикува стратегијата на опозициската ВМРО-ДПМНЕ.

Facebook Forum

XS
SM
MD
LG