Линкови за пристапност

Статуа од нападот врз Хирошима, поставена во близина на зградата каде што живеел Опенхајмер 


По холивудскиот успех на биографскиот филм на Кристофер Нолан за Роберт Опенхајмер, интересно сеќавање од атомската ера може да се најде во Менхетен, не многу далеку од еден од домовите на Опенхајмер од детството. Евгениј Маслов со детали.

Роберт Опенхајмер, таткото на атомската бомба е роден и израснат во Менхетен, Њујорк и живеел некое време на адресата - 155 Риверсајд Драјв.

Овде, на Менхетен, сега стои единствениот сведок за крајот на Втората светска војна - статуа од Хирошима, градот кој преживеа нуклеарна експлозија.

„Статуата беше свртена кон експлозијата, и можете да ја видите промената на бојата на дното од неа, резултат од самата експлозија“, објаснува Курт Рај од будистичката црква во Њујорк.

Статуата на Шинран Шонин, јапонски будистички монах, била оддалечена само околу 2 и пол километри од епицентарот на нуклеарната експлозија во Хирошима.

Префрлена во Њујорк во 1950-тите, сега стои како симбол за светскиот мир.

„На крајот од 1940-ти, кога почнаа разговорите за формирање на Обединетите нации, Јапонија сакаше да има придонес кон мирот. Жителите на Хирошима мислеа дека би било многу спиритуално и значајно да се испрати статуа во ОН. Од логистички причини, ОН не можеа да ѝ најдат локација на статуата и будистичката Црква во Њујорк се понуди да помогне“, раскажува Рај.

Друга случајност е што њујоршката Будистичка црква ја лоцира на улицата Риверсајд Драјв - на истата улица на која живеел Опенхајмер.

„Во Њујорк се појави голем интерес за оваа статуа поради на филмот. Мислам дека статуата е важна, еден вид на баланс…Предизвикува солидарност меѓу посетителите кои доаѓаат да ја видат статуата“, вели Рај.

Рај додава дека има одредена симболика во нејзината близината до куќата од детството на таткото на атомската бомба и претставува уште еден потсетник за нејзиниот смртоносен ефект.

Facebook Forum

XS
SM
MD
LG