!--IMAGE-LEFT--> Говорејќи од една од главните посетителски атракции во САД – Дизниворлд, претседателот Барак Обама вети дека ќе ја поттикне туристичката индустрија во земјата.
Тој претстави нова програма што го скратува времето за процесирање на туристичките визи, вклучувајќи ги тука и посетителите од Кина и Бразил. Се` поголемото богатство во овие две земји го зголемува бројот на нивни жители кои одат на одмор во странство.
Обама планира поттикот на туристичката индустрија да доведе до нови работни места и економски растеж.
Иницијативата предвидува нови напори за привлекување и информирање на странските туристи. Обама вети дека ќе го зголеми бројот на земји на чии жители нема да им треба виза за САД. Па сепак, тој кажа дека тоа нема да биде на сметка на безбедноста во земјата
Обама е во кампања за реизбор. Републиканските кандидати за претседател постојано го напаѓаат поради стапката на невработеност од над 8% и слабата економија.
Според владиниот Оддел за трговија, речиси 60 милиони луѓе ги посетиле САД во 2010-та и потрошиле 134 билијарди долари. Туризмот, и домашен, и странски, генерира 7,5 милиони работни места во земјата.