Линкови за пристапност

Обама ќе ја брани економијата на првото кампањско патување


Обама ќе ја брани економијата на првото кампањско патување
Обама ќе ја брани економијата на првото кампањско патување

Американскиот претседател Барак Обама својата кампања за реизбор во среда ќе ја однесе во државата на средниот запад, Охајо, каде се очекува да ја брани неговата многу критикувана економска политика во време кога се загрева трката на претседателските избори 2012.

Обама ќе го направи своето прво кампањско патување во годината, во државата што се смета за круцијална за реизборот на претседателот. Со фокус на републиканскиот процес за номинација, претседателот ќе зборува во приградско средно училиште.

Белата куќа објави малку детали за патувањето и кажа само дека пораката на претседателот ќе биде за повторна изградба на американската економија и креирањето работни места – политичка иницијатива за која Белата куќа вели дека е запрена од конгресните републиканци.

Претседателот ја започна својата кампања во 2012 во вторник со видео телеконференција со учесниците на кокусите во Ајова. И републиканците и демократите ги одржаа своите номинирачки натпревари во претседателските избори 2012 во државата на средниот запад на САД, во вторник.

Од Вашингтон, Обама ги нагласи поголемите постигнувања на неговата администрација, вклучувајќи го усвојувањето на реформата на Вол Стрит и здравствената заштите, завршувањето на војната во Ирак, и укинувањето на забраната отворено хомосексуални луѓе да служат во армијата.

XS
SM
MD
LG