Линкови за пристапност

Според министерството за здравство во Газа: Убиени повеќе од 13.000 деца во конфликтот


Според министерството за здравство во Газа: Убиени повеќе од 13.000 деца во конфликтот
please wait

No media source currently available

0:00 0:02:36 0:00

Според Министерството за здравство, поврзано со Хамас, повеќе од 13.400 деца се убиени во Газа од почетокот на војната со Израел на 7 октомври. Образовниот систем, пак, е речиси замрзнат. Линда Градстајн известува од Ерусалим.

Палестинските власти соопштија дека на секои 15 минути се убива по едно дете во Газа. Повеќе од 13.000 палестински деца се убиени во Газа од почетокот на војната меѓу Израел и Хамас во октомври, според Министерството за здравство на Газа.

Најмалку 25.000 се ранети. Повеќето од еден милион палестински деца не оделе на училиште во Газа и има мали изгледи дека наставата ќе продолжи наскоро.

Повеќето училишта се трансформирани во преполни засолништа за приближно два милионa Палестинци кои се раселени поради израелските воени напади.

„Бидејќи правото на живот повеќе не е загарантирано во Газа, се разбира дека дури и правото на образование не постои од многу причини. Повеќето училишта во Газа станаа засолништа за цивилите, иако беа цел на израелската армија“, вели Калед Ќузмар од организацијата „Меѓународна одбрана за деца“.

Половина од 2,3 милиони Палестинци во Газа се помлади од 18 години. Палестинските власти велат дека стотици илјади од младите страдаат од последиците на војната и раселувањето од нивните домови.

Тие велат дека училиштата би можеле да обезбедат рутина и нормалност.

„Во изминатите пет месеци забележавме многу деца кои страдаат од емоционална вознемиреност и психолошки и социјални проблеми. Фактот што нема училиште само ги влошува работите“, посочува Садик ал-Кадур од Палестинското министерство за образование.

Ал-Кадур вели дека дури и по завршувањето на војната, ќе бидат потребни месеци пред децата да се вратат на училиште.

Десетици училишта, управувани од агенцијата на ОН за палестински бегалци, се уништени, а стотици наставници се убиени или ранети.

Сега се формирани неколку импровизирани паралелки во јужниот град Рафа, кој е домаќин на речиси половина од раселеното население во Газа.

Но, хуманитарните групи во Газа велат дека овие денови се помалку загрижени за образованието на децата отколку за гладот.

САД велат дека Израел мора да стори повеќе за да дозволи дистрибуција на храна во Газа и најавија планови за изградба на пристаниште за испорака на храна по море.

Facebook Forum

XS
SM
MD
LG