Линкови за пристапност

Според аналитичари, Трамп ќе се соочи со различна Северна Кореја од првиот мандат


Според аналитичари, Трамп ќе се соочи со различна Северна Кореја од првиот мандат
please wait

No media source currently available

0:00 0:03:24 0:00

Во неговиот прв мандат како претседател на САД, Доналд Трамп ги заостри економските санкции против Северна Кореја во обид да го принуди Пјонгјанг да се откаже од својата програма за нуклеарно оружје. Јанг Ѓо Ким има повеќе детали.

Лидерот на Северна Кореја Ким Џонг Ун искористи воена изложба за своите први забелешки за САД откако Доналд Трамп победи на изборите, велејќи дека минатите преговори го потврдиле, она како што го нарекува тој, „непроменливото“ непријателство на Вашингтон кон Пјонгјанг.

Ким вели дека ќе ги прошири нуклеарните капацитети на Северна Кореја „без ограничување“ како единствен начин да се спротивстави на надворешните закани. Ким денес е дефинитивно различен противник за Трамп отколку кога последен пат се сретнаа во 2019 година, вели поранешниот службеник за азиски прашања на Стејт департментот Еванс Ревер.

„Ким Џонг Ун верува дека има поголема моќ. Верувам дека дел од таа поголема моќ е неговата новооткриена врска со Русите“, вели Ревер.

Американските воени претставници велат дека сега има повеќе од 10 000 војници од Северна Кореја распоредени во Русија кои помагаат во нејзината инвазија на Украина.

Рускиот министер за одбрана Андреј Белоусов минатиот месец беше во Пјонгјанг, унапредувајќи го договорот за стратешко партнерство за кој Белоусов вели дека го намалува ризикот од војна на Корејскиот полуостров.

Генералниот секретар на НАТО, Марк Руте, вели дека сојузот е предизвик за идната администрација на Трамп.

„Нуклеарната и ракетната технологија се влеваат во Северна Кореја и затоа е ризик сега Северна Кореја да ги користи, не само за да биде закана за нас овде, туку и за копното на САД.“, истакна Руте.

Заедно, Русија и Северна Кореја се закануваат со поголема нестабилност, вели поранешниот американски национален разузнавач за Северна Кореја Сиднеј Сејлер.

„Ова станува воен сојуз со краткорочна и долгорочна опасност, опасен ризик за, очигледно, продолжување на војната [во Украина], дестабилизирање на Корејскиот полуостров, дестабилизирање на меѓународната заедница“, посочи Сејлер.

Со тоа што Северна Кореја добива руски системи за противвоздушна одбрана, унапредено производство на муниција, готовина и помош во храна и гориво, Сејлер вели дека Ким има помалку потреба од Вашингтон отколку за време на првиот мандат на Трамп.

„Со сите работи што Ким Џонг Ун може да ги добие од неговиот нов најдобар пријател Владимир Путин, зошто би до барал Доналд Трамп?“, прашува Сејлер.

Во неговиот прв мандат, Трамп соработуваше со јужнокорејските лидери во обидот да ја отфрли севернокорејската програма за нуклеарно оружје. Во неговиот втор мандат, Трамп ќе се занимава со Северна Кореја која цврсто ја затвори вратата за денуклеаризација, вели Ревер.

„Она што Севернокорејците цело време го бараа е да добијат прифаќање, или барем признание од САД дека Северна Кореја е легитимна, прифатена нуклеарна сила сега и дека двете земји треба да седнат заедно и да разговараат [за да] коегзистираат едни со други“, посочува Ревер.

Само неколку дена по изборите во САД, Северна Кореја тестираше нова интерконтинентална балистичка ракета која потенцијално би можела да достигне поголем дел од копното на САД.

Facebook Forum

XS
SM
MD
LG