Линкови за пристапност

Според аналитичари, царините од САД силно ќе ја погодат економијата на Мексико


Според аналитичари, царините од САД силно ќе ја погодат економијата на Мексико
please wait

No media source currently available

0:00 0:02:48 0:00

Царините од САД силно ќе ја погодат економијата на Мексико, предупредуваат аналитичари. Мексико е главен трговски партнер на САД. Во 2024 година, извезе производи и во вредност од речиси 506 милијарди долари. Известува Вероника Вилафање.

Мексико е главен трговски партнер на САД. Во 2024 година, извезе производи и во вредност од речиси 506 милијарди долари, а првите три сектори се автомобилската индустрија, електроника и земјоделство.

„Царини од 25% за Канада и 25% за Мексико…“, рече Трамп.

Неколку часа по воведување на царините, мексиканската претседателка Клаудија Шеинбаум рече дека ќе ги брани интересите на својата земја.

„Одлучивме да одговориме со царински и нецарински мерки, кои ќе ги објавам јавно следната недела“, рече Шеинбаум.

Царините од 25% може да резултираат со извозни загуби за Мексико од 26 до 42 милијарди долари, според непартиската тинк-тенк Вилсон Центар.

„Мексиканската економија ќе пропадне. Тоа би било катастрофално, и не само за економијата апстрактно, туку и за економијата на мексиканските семејства“, смета Рикардо Анаја, сенатор.

Белата куќа објави дека ќе ги ослободи автомобилите од царините.

По телефонскиот повик со Шеинбаум, Трамп ги паузираше царините за други производи што се во согласност со Договорот САД-Мексико-Канада, за кој се преговараше за време на неговиот прв мандат.

Додека Трамп ја сподели својата одлука на социјалните мрежи, Шеинбаум опиша дека нејзиниот разговор со Трамп се одвивал со почит и заеднички интерес.

„Зошто? Сега кога ги наметнавте царините, како ќе продолжиме да соработуваме со нешто што му штети на народот на Мексико? И го постигнавме овој договор што навистина им користи на двете нации“, истакна претседателката на Мексико.

И покрај привременото одложување, мексиканските бизнис лидери и понатаму се загрижени за можноста од царинска војна.

Неизвесноста им го отежнува планирањето на бизнисите, вели Карлос Јарамило, претседател на Координативниот совет за бизнис во Тихуана.

„Реалноста е дека не мора да зборуваме за Кина, но треба да размислиме за други пазари. Не можеме да останеме толку многу зависни од САД“, истакнува Јарамило.

Загриженоста е особено голема во пограничните градови на Мексико.

Макиладора - фабриките кои увезуваат материјали за монтажа и извезуваат готови производи во САД - се главен двигател на локалните економии.

Царините не само што сериозно ќе го нарушат синџирот на снабдување, туку и егзистенцијата на работната сила, предупредува експертот за производство Рикардо Мелгоза.

„Ова ќе ја зголеми невработеноста овде во Мексико, во Сијудад Хуарез. Инфлацијата очигледно ќе не` погоди затоа што жителите на Хуарез купуваат и многу американски производи“, посочува Мелгоза.

Тоа би влијаело на куповната моќ на семејствата кои живеат покрај границата.

Facebook Forum

XS
SM
MD
LG