Со постара опрема и ова лето македонските пожарникари ги гаснат шумските пожари кои беснеат низ државата. Најстарото противпожарно возила во територијалната противпожарна бригада во Охрид е од 1970-та година. Но, и во вакви услови се трудат да се справат со огнената стихија. По некогаш се интервенира и по неколку пати на ден.
Сепак добар момент е повторното активирање на трите канадери, односно ер трактори, кои одредено време беа надвор од функција. Во гаснење на пожарите учествуваат и трите хелихоптери на МВР и еден армиски хелихоптер. На помош пристигна и помош од Турција со два авиони и еден хелихоптер.
Facebook Forum