Линкови за пристапност

Со наближувањето на изборите растат дезинформациите и онлајн заплашувањето во САД


Со наближувањето на изборите растат дезинформациите и онлајн заплашувањето во САД
please wait

No media source currently available

0:00 0:02:46 0:00

Растат обидите за попречување на претседателските избори во САД, покажуваат две одделни истражувања. Манипулациите со информациите, политичкото насилство и заплашувањата се во пораст. Известува Вероника Балдерас Иглесијас .

Американските гласачи сè повеќе се мета на домашните актери кои шират лажни информации пред претседателските избори. Тоа го покажува извештајот за ранливост на изборите на групата за човекови права Фридом Хаус.

„Луѓето во САД шират теории на заговор и погрешни информации за политиката. Околу 70% од републиканците и прорепубликанските настроени гласачи се заробени од теоријата на заговор дека резултатите од претседателските избори во 2020 година биле нелегитимни. Сега, гледаме дека тој наратив веќе доминира“, вели Киан Вестеинсон од “Фридом Хаус“.

Исто така, има пораст на онлајн заплашувањето и малтретирање на изборните службеници, како и политичкото насилство, забележале истражувачите.

„Ги видовме политичките кандидати кои доживуваат директни напади, вклучувајќи го, се разбира, обидот за атентат врз поранешниот претседател Трамп, говорот на омраза и злосторствата од омраза против маргинализираните групи се во пораст“, додава Вестеинсон.

Додека самата гласачка инфраструктура останува заштитена, сајбер нападите се извор на загриженост, вели Вестеинсон.

„Најранливите цели се кампањите и веб-страниците кои им обезбедуваат на луѓето информации за самото гласање“, посочува Вестеинсон.

ФБИ во моментов ги истражува наводните ирански хакерски обиди против кампањите на Трамп и Бајден-Харис.

Компанијата за сајбер безбедност „Recorded Future“ исто така известува за зголемување на операциите на малигно влијание од страна на Иран, Русија и Кина. Тие вклучуваат употреба на вештачка интелигенција за развој на неавтентични написи кои потоа се објавуваат на веб-страници за лажни вести кои изгледаат како мејнстрим медиуми.

„Се воведе пристрасност во политички содржини во одредена насока заснована на геополитичките цели на соодветна влада и како тие геополитички цели одговараат на нивните најдобри интереси со тоа кој од кандидатите на крајот ќе победи на изборите“, вели Шон Мајнор од „Recorded Future“.

Колку се ефективни тие напори?

„Во овој момент немаме цврсти податоци за да сугерираме дека овие операции влијаеле на резултатите од изборите“, додава Мајнор.

Сепак, американските гласачи да внимаваат дали има граматички или правописни грешки во написите и домените на веб-страниците на кои наидуваат, што би им дало знак дека тоа е лажно претставување.

Facebook Forum

XS
SM
MD
LG